Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБНОВЕНО: Ситуацијата во Киев е кревка, се бара оставка на Јанукович

0
By Нова ТВ on February 22, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Володимир Рибак, претседателот на украинскиот парламент и близок соработник на претседателот Виктор Јанукович, сабајлево поднесе оставка на оваа функција. Истовремено, во последните часови, повеќе пратеницу на Партијата на регионите која е на власт, се одлучија за истиот чекор.

Александре Турчинов, десната рака на Јулија Тимошенко, беше избран денес за нов претседател на украинскиот парламент.

Тој беше изгласан со 288 гласа «за» од вкупно 450. «Власта во Украина ја превзема работата за да ја стабилизира ситуацијата», рече тој.
Во парламентот Кличко изјави дека сака избори пред 25 мај и бара од парламентот да ја одреди датата. Освен тоа се очекува да се усвои резолуција со која ќе се бара од Јанукович да поднесе оставка.

Ситуацијата во Киев и понатаму е напната откако вчера беше потпишан договор помеѓу претседателот Јанукович и опозицијата за излез од кризата. Но јасно е дека овој договор е кревок. Во петокот вечерта лидерот на паравоената екстремна десница “Прав сектор”, активен во урбаната герила, ги повика протестантите да ја нападнат претседателската палата доколку Јанукович одбива да поднесе оставка. Овој повик беше пречекан со аплаузи, јавуваат агенциите од Киев.

За многумина договорот е не доволен чекор и сметаат дека Јанукович треба да поднесе оставка исто така.

Некои од лидерите на опозицијата беа критикувани затоа што потпишале договор со власта. Витали Кличко, еден од опозиционите лидери, рече дека не му претставувало никакво задоволство потишувањето на договорот. “Ако ве повредив, простете ми”, им рече Кличко на протестаните кои беа собрани во петокот вечерта да им оддадат почит на загинатите сограѓани.

Договорот беше потпишан во петокот под силен притисок на европската дипломатија. Тој предвидува предвремени избори, најдоцна во декември, коалициската влада во наредните десет дена и враќање на уставот од 2004 година кој му дава помалку власт на претседателот на државата. Нешто подоцна беше усвоен и закон со кој се отвора патот за ослободување на Јулија Тимошенко од затвор. Таа беше осудена на 7 години затвор во 2011 година за злоупотреба на власта.

Договорот е потпишан откако судирите во Киев однесоа 80 жртви.

Агенцијата АФП јавува дека според еден висок американски дипломат Јанукович заминал во својот регион на истокот на земјата за да учествува на политички состанок. Но, некои од украинските пратеници тврдат дека од кредибилни извори дознале дека Јанукович е во Сочи каде што треба да се сретне со Владимир Путин.

Се слушаат тези дека Јанукович избегал од Украина. Новинарите на телевизијата Канал 5 објавија дека успеале да влезат без проблеми во резиденцијата на претседателот која вообичаено е добро заштитена и се наоѓа во предградие на Киев. Некои од манифестантите влегле исто без проблем во зградата на претседателствто во центарот на Киев.

Путин и американскиот претседател Барак Обама повикаа на брза примена на договорот затоа што ситуацијата во земјата е исклучително кревка. Европските дипломати, министрите на Франција, Германија и Полска, кои учествуваа во преговорите помешу власта и опозицијата, велат дека тие преговори биле напнати. Полскиот министер Радослав Сикорски на опозиционите лидери им рекол дека мораат да потпишат. Во спротивно, ги чека воен удар и многу повеќе жртви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.