Започна конгресот на СДСМ. Во моментов трае говорот на Црвенковски зад затворени врати. Откако пристигнаа сите делегати, започна обраќањето на се уште актуелниот претседател на СДСМ. На новинарските екипи не им беше дозволено да останат во салата.
Социјал-демократскиот сојуз на Македонија, на конгресот кој се одржува денеска во „Холидеј Ин“ во Скопје ќе избере нов лидер.
За оваа позиција има тројца кандидати: Зоран Јовановски, Зоран Заев и Кире Наумов. Четвртиот кандидат Игор Ивановски вчера се откажа од кандидатурата. Но, делегатите, кои ги има 705, имаат право да предложат и други кандидати на самиот конгрес.