Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за 36 лица во случајот „Синдром“, две криминални групи посредувале за лажни инвалидски пензии

0
By Marija Todorovska on July 22, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на предметот „Синдром“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица, осомничени за серија кривични дела поврзани со незаконско посредување за добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија по цена од 150 до 5000 евра. Обвинетите, меѓу кои има лекари, адвокат и службени лица, делувале преку две организирани криминални групи, злоупотребувајќи ја својата службена положба за лична корист.

Како што соопштија од Основното јавно обвинителство, по спроведена истражна постапка започната кон крајот на април годинава, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица.

Постои основано сомневање дека десетмина од обвинетите сториле кривични дела и тоа: Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, пет лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање поткуп, две лица сториле кривично дело Злосторничко здружување и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, додека останатите 19 лица се обвинети дека сториле кривично дело Давање награда за противзаконито влијание и кривично дело – Давање поткуп, стои во соопштението од ЈО.

Според доказите, обвинетите се организирале во две криминални групи кои во текот на 2023 година и до април 2024 година посредувале и незаконски овозможувале добивање права на туѓа нега и инвалидска пензија, во замена за парични средства. Цената за овие услуги се движела од 150 до 5000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото што се обезбедувало.

Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права. На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита.

Во досегашниот тек на постапката, 13 обвинети склучија спогодби со обвинителството и врз основа на истите Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди при што првообвинетата е осудена на единствена казна затвор во траење од три години и шест месеци за кривично дело – Злосторничко здружување, кривично дело – Давање поткуп и кривично дело – Примање поткуп, воедно ѝ се одземаат и противправно стекнати 15000 евра, а на останатите кои се спогодија им е изречена алтернативна мерка – условни осуди на казна затвор од 1 до 2 години, која казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три односно пет години не сторат ново кривично дело, од нив на едно лице му се одзема имотната корист која настанала како резултат на извршување на кривичното дело – надоместок за помош и нега од друго лице во вкупен износ од 36.520,00 денари, а на едно лице противправно стекнатата имотна корист од 2360 евра и 81 000 денари, појаснуваат оттаму.

Дополнуваат дека со обвинителниот акт јавниот обвинител му предложл на судот на обвинетите да им бидат продолжени веќе изречените мерки на обезбедување – мерка притвор за пет лица и мерка куќен притвор за пет лица, а за останатите обвинети мерки на претпазливост.

инвалидска пензија обвинение ОЈО Синдром
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.