Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за екс директорот на РЕК Битола и за ЕЛЕМ-ги труеле битолчани со тешки метали

0
By Нова ТВ on September 6, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд во Битола поднесе Обвинителен акт против поранешниот в.д. директор на РЕК Битола Иван Кукоски и против АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија за кривично дело – Загадување на животната средина и природата.

Во периодот од јануари 2015 година до 7 февруари 2017 година, обвинетиот директор на РЕК Битола не се придржувал кон прописите за заштита на животна средина и дозволил користење на погон кој ја загадува животната средина. Кукоски дозволил отпепелувањето на пепелта која се добива во процесот на производство на електрична енергија од јаглен во РЕК Битола на одлагалиштето за пепел да се спроведува без да се почитуваат утврдените правила и процедури за навремено покривање на пепелта со јаловина со континуирано и постојано работно ангажирање на потребната механизација на одлагалиштето.

Како резултат на тоа, биле одлагани големи количини непокриена пепел кои во март 2017 година достигнале површина од 50.000м2. При воздушни струења пепелта се разлетувала во околината, со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на вработените во РЕК Битола и луѓето кои живеат во населените места околу РЕК Битола.  Летечката пепел која се создава со согорување на јагленот содржи сулфур диоксид, азот диоксид и тешки метали чие вдишување предизвикува влошено респираторно и кардиоваскуларно здравје на населението кое работи и живее во близина на термоелектраните како РЕК Битола, соопшти ОЈО.

Кривичната пријава која до ЈО беше поднесена во февруари минатата година се бараше одговорност и другите директори на РЕК Битола: Јовко Крстевски, директор на РЕК Битола од 2014 до 2017 година, Оливер Зикоски директор на производство во РЕК Битола, Зоран Михајловски раководител во РЕК Битола  и Симон Атанасов директор на депонијата за отпепелување.

Пријава до СВР Битола во мај 2017 ја поднесоа од невладината организација „За нас се работи“ со која бараа да се утврди кривична одговорност на раководни лица во РЕК Битола и ЕЛЕМ бидејќи „од 2010 година не презеле мерки за заштита на животната средина, за да се спречи ширење на радиоактивниот отпад од депонијата во близина на РЕК Битола, во село Новаци“.

Резултатите од анализата направени пред две години, покажаа дека во еден поширок регион околу РЕК Битола, до границата на самиот град имаше за неколкупати  зголемени емисии со цврсти честички од тешки метали како што се бакар, хром, никел и уште неколку метали, а честички ураниум 238 беа  детектирани и на Пелистер .

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.