Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителен акт против организирана криминална група за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност

0
By Zoran Ivanov on May 27, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По спроведена континуирана и темелна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против девет лица – припадници на организирана криминална група „Беланоца- Барон“. Во координација со органите на прогонот, обезбедени се обемни и релевантни докази врз основа на кои на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела извршени во период од 2020 до 2024 година, меѓу кои и седум убиства.

Обвинителството, како што информираше претходно на брифинг со медиумите, предметот „Бункер“ е работен повеќе од една година и станува збор за исклучитело сериозна криминална група со сериозна структура и злосторничко здружување кои преку своите активности и дејствување го загрозиле животот на луѓето. Од обвинителството, посочуваат дека ова е една од посериозните криминални групи против кои е постапувано досега и се поврзани со веќе познатите криминални групи.

Во предметот „Бункер“ има две подгрупи, од кои едната за четири убиства, од кои две двојни. Мотивите се различни, но сите се по нарачка од ниски побуди, одмазда, борба за превласт и со загрозување на голем дел луѓе. Најстарото убиство е од 2014 година, а најзвучни се убиствата во „Шиша бар“ во скопската чаршија и убиството во Ханиоти, во соседна Грција.

Втората подгрупа има посебни три убиства, за кои нарачаател е лице од затвор. Едно е двојно убиство, за кое двајца се во бегство. Оваа група, како што беше посочено на брифингот, првично се раководи од изнуди и палење на објекти, како начин да се прикаже сериозноста на заканите. Има и палења на возила, кои се нарачани од затвор, а ги извршуваат млади лица од надвор, за мали пари.

Обвинението е против девет лица, а плус седум се во бегство и за нив е прекината истрагата. Дополнително истрагата е проширена за уште четири лица, помагачи на убиство и двајца за ново убиство, за кои Обвинителство претходно веќе информираше.

Од Обвинителство, во соопштение до медиумите, информираат дека во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.

Според прибраните докази дел од обвинетите се поврзани со следните убиства извршени по налог и организација на групата:
– Убиство на Ибраим Ајдини во август 2020 година: Првообвинетиот во име на радикалното движење понудил и платил 10.000 евра за убиството, мотивиран од сомнение дека жртвата соработувала со институциите во предметот „Монструм“. Жртвата била застрелана во својот дом, со истрел во главата. Извршителите ги отстраниле доказите и побегнале.

– Убиството на Џелал Ибраими – јануари 2023: Организирано од групата како одмазда за лична навреда кон првообвинетиот. Убиството е извршено во домот на жртвата, со повеќе истрели. Исплатени се 20.000 евра на учесник во нападот.

– Двојно убиство на Јетон Кривањева и Енес Исеинов – март 2023: Извршено како одмазда за претходни убиства. Првообвинетиот обезбедил 250.000 евра и конкретни насоки. Нападот бил особено суров, извршен во деловен објект, со пукање од непосредна близина. Напаѓачите потоа го запалиле возилото и добиле логистичка поддршка за бегство.

– Убиството на Орхан Бајрами (Оки) – јули 2023: Извршено во Грција, во луксузен ресорт. Жртвата била следена преку легални и илегални премини. Нападот бил извршен од двајца маскирани напаѓачи кои испукале 19 куршуми, нанесувајќи три смртоносни рани на жртвата и тешко ранувајќи друго лице.

Во 2021 година, шестообвинетиот со двајца осомничени формирале нова криминална група, фокусирана на убиства од одмазда и ликвидација на членови од други криминални структури и тоа:

– Убиство на Камер Идризи (Бундес) – мај 2021: Извршено од шестообвинетиот и други лица, со 57 испукани куршуми. Жртвата била цел на одмазда за смртта на роднина на еден од организаторите.

– Убиство на Абдуљ Бастри Ибраимовски – јули 2024: Извршено поради нарушени односи и претходни конфликти. Во нападот биле користени автоматски пушки. Жртвата починала, а другото лице било тешко рането, а подоцна починало.

– Убиство на Ибраим Исмаили Абиц: Извршено во Сингелиќ од првообвинетиот, неговиот брат и осмообвинетиот. Биле испукани 65 куршуми.

Дополнително во обвинителниот акт се содржани дејствија во кои дел од обвинетите како нарачатели или извршители предизвикале пожари на возила на службени лица од КПУ Идризово и членови на нивни семејства, со цел спречување службени дејствија, а дел од обвинетите организирано вршеле изнуда на пари од фирми, со закани, физички напади и опожарување на објекти.

Од Обвинителство информираат дека на 20 декември 2024 година, при претреси на имот поврзан со првообвинетиот, биле пронајдени рачни гранати, ТНТ експлозив, полуавтоматска пушка и чаури од муниција.

Врз основа на опишаните дејствија седум лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, и повеќе убиства како соучесници, поттикнувачи или извршители, од нив четири лица сториле и кривични дела Изнуда, а петмина и кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Едно лице е обвинето за сторено кривично дело Убиство, а едно за кривично дело Изнуда. На првоосомничениот му се става на товар и кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Имајќи ги предвид околностите предметниот јавен обвинител побара продолжување на претходно изречените мерки и одземање на одземените предмети што потекнуваат од кривично дело.. ​

Од ОЈО ГОКК, посочуваат дека за истрагата од голема помош бил „селебрити“ системот за екстракција на податоци од телефони и електронски уреди, кој е донација од амбасдата на САД. Без таква опрема не може да се гони ваков криминал, бидејќи, како што посочуваат, од одземените во истрагата уреди и телефони и нивното вештачење се добиле исклучителнижо важни податоци кои биле од помош за истрагата.

Како што посочуваат на брифинг со медиумите, од Обвинителството, имале отпор од секој аспект и предизвик за обезбедување на докази и вршење претреси, посочувајќи дека дури наоѓала начин на координирање и преку затвор во перуидот од 2020 до 2024 година, додека од следењето на комуникациите на групите тие како да сакале да покажат дека имаат влијание и конекции во сите сфери.

-Секаде каде се споменува полициски службеник тие беа дадени на понатамношна посталка до внатрешна контрола за следење. До овој момент има две лица за кои се анализира. Ако се утврди основаност ќе постапиме, посочувата од обвинителството.

Од ОЈО ГОКК, во овој контекст, посочуваат дека во изминатиот период поднесени се повеќе од 35 обвиненија против затворска полиција за разни случаи. Иако, како што велат, не се докажува директно поткупот, обвинителството ги гони за злоупотреба на службена положба и работа во служба.

 

Банда дрога кроминал ОЈО олбвинение Убиства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.