Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителката за случајот „Еко Клуб“ е поставена од Мијалков и Јанкуловска

0
By Нова ТВ on February 6, 2020 АНАЛИЗА
Фото: skopje.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јасмина Костеска Здравеска е обвинителката задолжена за предистрагата за медицинскиот отпад на „Еко клуб“ за кој Град Скопје објави шокантни видеа и фотографии како доказ дека човечки органи и инфициран медицински материјал несоодветно се уништува и дека е оставен на кучиња скитници да го користат како храна. Дали тоа што обвинителката Здравеска е назначена во предметот е причина плус предистргата да не може да заврши за два месеца по поднесената пријава, пред се, затоа што прикажаните видео и фотоматеријали алармираат на скандал кој имал потенцијал да предизвика зарази кај вработените во „Еко клуб“, а некои кучиња можеби и се заразени со оглед на постојаниот пристап до крвта и органите.

Партиска послушност на сопругот ја „избира“ сопругата за обвинител 

Која е Здравеска и дали навистина таа може намерно да ја опструира истрагата? – Таа е сопруга на Вецко Здравески. Двајцата потекнуваат од Кичево. Сопругот беше член на Комисијата за лустрација и беше задолжен за досието на писателот Славко Јаневски, кого и го лустрираа.

Здравески потоа се пријави на конкурсот за член на Антикорупциска комисија, но таму не успеа да ги мине филтрите на независната комисија за избор на членови, за разлика од Комисијата за лустрација кога во ВМРО-ДПМНЕ се избираа кадрите. На тоа упатува и прислушуваниот телефонски разговор на Сашо Мијалков со Гордана Јанкуловска во кој прво се потврдува дека Вецко Здравески е партиски кадар, со учество на партиски состаноци, а клучното е дека поради неговата партиска послушност неговата сопруга, обвинителката Здравеска била избрана за јавна обвинителка во Основното обвинителство Скопје. Токму Мијалков и Јанкуловска договораат нејзин избор за обвинител.

СМ: Горде
ГЈ:  Еј, кажи.
СМ: Таа што сме ја договориле ние тогаш, таа е таа од Кичево? (мисли на обвинителката Јасмина Костеска Здравеска н.з.)
ГЈ: Ууу, ич не знам Сашо…
СМ: Маж и бил некој у Антикорупциска, некој што нé поддржувал?
ГЈ: Ааа, не у Антикорупциска, у Лустрациска да не беше?
СМ: Како?
ГЈ: У Лустрациска, не во Антикорупциска.
СМ: У Лустрациска?
ГЈ: Да.
СМ: Може да е.
ГЈ: Знаеш кој? – Од Кичево оној, Вецко еден, така, помлад што е… (Вецко Здравески, сопруг на Јасмина Здравеска н.з.)
СМ: Ние ја договоривме таа тогаш, така?
ГЈ: Па, таа ја квалификувавме како наша.
СМ: Епа, ај да не мењаме, тогаш ќе идеме со таа, па оваа ќе ја остаиме за следниот пат
ГЈ: Наша е, да го видиш, ќе ти текне на човекот.
СМ: Ако нé поддржава тој таму во Антикорупциска…
ГЈ: Во Лустрациска…
СМ: Во Лустрациска, ма да таму не знам што се поддржава…
ГЈ: Абе, знаеш таму луда банда се, ама тие се тие за наши што ги рачунаме. Тој шо е најмлад, еден црн, така, со брада, на состаноци шо доаѓал, тој најмладиот, таа му е жена на него.
СМ: Епа ајде тогаш да ја стаиме таа, а наредната да биде оваа Кожовска и готово.
ГЈ: А, наредниот пат оваа не може и така, ок.
СМ: Пошто Марко вика, ако му е сестра, он си ја знае, ќе си ја земеме кај нас.

ОБВИНИТЕЛКАТА ИМА ВИДЕО, ФОТО, СВЕДОЦИ И УЧЕСНИЦИ ВО УЖАСОТ

Дали поврзаноста на обвинителката со ВМРО ДПМНЕ преку сопругот е причина таа во јавноста да изнесува неточни податоци. Имено од основното обвинителство за медиумите постојано ја повторуваат истата изјава, дека случајот е пријавен на 13-ти декември и дека немало пропратен доказен материјал, но дали е така? Прво, обвинителката до сега морала да ги има видејата и фотографиите затоа што инспекторот Мирослав Богдановски кој на дело ги улови работниците на „Еко клуб“ како на погрешна машина третираа отпад и наместо да го уништат само го сецкаат, има писмена потврда дека минатата недела, или пет дена пред прес конференцијата, во плико доставил ЦД со снимените материјали. А покрај тоа обвинителката има и двајца сведоци. Што ли чека два месеца покрај сето ова?

Како одат редоследно настаните и зошто Државниот инспекторат интервенирал два дена потоа? Прво откривањето на ужасот се случил на 10-ти декември во 23 часот. Утредента, на 11-ти декември инспекторот Богдановски пријавил кај градоначалникот Шилегов, кој бил на службен пат до 12-ти декември. Ден потоа, на 13-ти декември заедно  пријавуваат во Државното обвинителство од каде ги препраќаат во скопското. Дента кога пријавувал, Богдановски ги посочил фотографиите и видеото, но за нив Здравеска воопшто не пројавила интерес, дури не ги ни преснимила, иако тоа се клучните докази за хаосот со инфицираниот отпад. По 48 дена од пријавата, или поточно на 31 јануари, откако Богдановски увидел дека обвинителката нема абер да го повика за доказите, ниту пак да му се јави на Јанакиевски да го испраша за случајот, самиот ги преснимил фотките и видеото на ЦД и го предал во архивата на обвинителството, затоа што решил информациите да ги сподели со јавноста, па сакал претходно да ги има и обвинителката, пред да ги види публиката. И на крајот, обвинителката има двајца сведоци за настанот, инспекторот и еден општински советник, чии искази можат да потврдат каква ситуација затекнале во „Еко клуб“. Покрај сведоците, до сега обвинителката можеше да има обезбедено искази од Јанакиевски, кој за Нова ТВ тврди дека не бил повикан воопшто, но и од работниците кои биле фатени како го сецкаат медицинскиот отпад и го пренесуваат во несоодветен камион за комунален смет без никаква заштитна опрема. Што значи дека овие два месеца залудно се поминати кога главните актери во случајот не дале исказ и кога инспекторот бил принуден сам да ги предаде доказните материјали.

КАКО „СЛУЧАЈНО“ ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ СЕ ПОЈАВИ ВО „ЕКО КЛУБ“

Додека градскиот инспектор за животна средина се договарал со градоначалникот Шилегов каде и кога да пријават, на 12-ти декември или неполни два дена по откритието на скандалот, инспектори од Министерството за животна средина излегле да извршат наводно вонреден инспекциски надзор. Многу тешко е да се поверува дека е коинциденција на два дена по посетата на инспекторот од Град Скопје на „Еко клуб“ таму да се појават и државните инспектори. Со право се поставува прашањето дали Јанакиевски имал конекции со некого во инспекторатот, па самиот ги повикал, откако на 11-ти декември прво исчистил се во погонот што било сомнително од претходна ноќ кога беше фатен на дело? Утредента инспекторатот му потпишал записник дека се е во ред. Истото што го утврди и пред два дена. Многу е глупаво некој да поверува дека, после ужасот затекнат на 10-ти декември ноќта, време во кое „Еко клуб“ не смеел да работи, дека Јанакиевски би продожил и следните денови да го прави истото. Очекувано е дека секој во таква ситуација ќе исчисти, дезинфицира и ќе ги сокрие сите траги уште одма, што најверојатно било направено. Дали потоа, за да си обезбеди документ, знаејќи дека Град Скопје ќе има случај против него, договорил да добие записник од инспекторатот на министерството за сега да го користи како аргумент?

ГРУЕВСКИ ДОНЕЛ ОДЛУКА ЈАНАКИЕВСКИ ДА БИДЕ УНГАРСКИ КОНЗУЛ

Сега кога се знае која е обвинителката во случајот со медицинскиот отпад се формира триаголникот Јавно обвинителство – ВМРО ДПМНЕ – Сашо Јанакиевски. Иако не ги сметаме за релевантни ФБ постовите на Груевски од Будимпешта, да пренесеме дека тој напиша дека не се познавал со Јанакиевски од „Еко клуб“ што звучи нелогично. Дали Груевски знаел за криминалот со медицинскиот отпад низ годините кога бил премиер, а Јанакиевски ја ѕидал империјата со отпадот, па сега си ја брка мувата од капата, како што велат од СДСМ, или навистина не го познава, што не коренспондира со информациите во јавноста оти тие откриваат дека е неможно Груевски да не знае кој е директорот во Скопје на Унгарската стопанска комора (Унгарски трговски куќи) со оглед дека Виктор Орбан ако со некого бил близок во Македонија, тоа е Груевски што се потврди со фактот дека му организираше бегство од Тирана со дипломатско возило до Будимпешта, каде што му даде политички азил. Дополнително, Јанакиевски е почесен конзул на Унгарија во Македонија, одлука која е донесена на владина седница, со Груевски како премиер.

Во текот на 2018-та година некои новинарски написи посветени на „Еко клуб“ објавија дека империјата со отпадот Јанакиевски ја градел од 2012-та наваму, па бил активен во годините на ВМРО ДПМНЕ, или на секои две седмици добивал по еден тендер или вкупно 90-тина, колку што избројал Фокус. Со оглед дека е една од малкуте фирми со еколошка дозвола за управување со медицински отпад, по инерција некои државни институции ја продолжиле соработката со „Еко клуб“ и по падот на ВМРО ДПМНЕ, иако во значително помал број.

Релацијата на ВМРО ДПМНЕ со целиот случај се потврдува и преку Горан Ангелов, директорот на Дрисла до пред две седмици. Ако недоуништениот медицински отпад се транспортирал  до депонијата, тогаш некој морал да им овозможува влез на камионите на Јанакиевски и депонирање на опасниот материјал.

Како и да е, граѓаните со нетрпение очекуваат резултати од истрагата и ќе сакаат да видат одговорни затоа што се работи за нивното здравје

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.