Обвинителството отвора предмет за скандалозната продажба на станови во Скопје по известување од страна на МВР каде до сега реагирале шест лица и обвиниле дека агент за продажба на недвижнини ги манипулирал и им продавал ист стан на повеќемина.
Од ОЈО известуваат дека предметот е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ќе постапува по исиот.
Шестмината граѓани го товарат за измама, бидејќи за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.
Двајца од купувачите веќе платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра.
Според договорите за капар склучени помеѓу купувачите и агентот, воочливо е дека за еден ист стан, тројца граѓани платиле капар од 5.500, 4.500 и 1.000 евра.
Првите пет пријави биле доставени до Секторот за економски и компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи на 24 март,