Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство: Одговорните за „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата

0
By Zoran Ivanov on November 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 19, 2025 15:32

„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал вода и не ја истурил“, изјави обвинителот Борче Јанев во воведниот збор на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, нагласувајќи дека катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на серија институционални пропусти и неодговорност.

-Катастрофата во Кочани не настана од дејствија или пропусти на една човечка рака. Не настана само како последица на активацијата на пиротехниката таа кобна ноќ, на 16 март 2025 година. Од навидум обичен сценски ефект, кога искрите од пиротехниката донесоа невиднина. Снимките кои нѐ потресоа сите и го обиколија светот се само завршниот и фатален чин на ова интитуционално, невидливо а реално, многу присутно зло, кое исплива на виделина таа вечер.

Во Кочани не изгоре само објетот, со него изгоре и илузиијата дека одговорните во системот се тука кога трреба да заштитат. Изгоре и вербата дека оној што бил повикан постапил навреме да спречи. Затоа изгоре за жал и иднината на невини млади луѓе кои сакале само радост и забава таа фатална вечер. Нивните животи згаснаа, а душите и телата на повредените настрадаа, не само поради огнениот вител, туку и поради вителот на долготрајна и институционална неодговорност, рече обвинителот.

Обвинителот посочи дека трагедијата е последица на долготрајна институционална неодговорност и дека општеството мора да се соочи со вистината за да може да заздрави.

-Колку и да е мачна, тешка и болна. Ако премолчиме и изгубиме вистината, ако не се соочиме со целосната димензија на оваа ненадоместлива загуба и оваа невидена трагедија никогаш нема да имаме сила како општество да тргнеме на патот кон заздравување, рече тој.

Како што дополни, Кочани, колку и да боли, пече и горчи во душите на сите повикува и бара легитимни одговори.

-Кој дозволил работа на објектот иако никогаш немал намена да врши угостителска дејност. Кој дозволи влез без да го обезбеди излезот, кој знаеше и имаше должност да проценува ризици, а дозволи и пресмета профит, кој одбра и потпиша молк наместо санкција и затворање, кој не ја согледа смртоносната опасност и услови, изајви Јанев.

Обвинителот нагласи дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток.

-Доказите кои ќе бидат изведени ќе покажат дека без никакви дилеми дека злоделото во овој настан не е и не може да биде само казнивото дејствие на активација на пиротехниката, злодело е и самото постоење на овој објект толку години. Клубот „Пулс“ отсекогаш бил безбедносна смртоносна стапица, буре барут. Никулците на оваа невидена катастрофа биле одамна изникнати и сите пресудлови за тоа одамна поставени. Доказите ќе покажат дека опасноста која демнела со години никој од овие обвинети не сакал да ја погледне и види, меѓутоа требало, морале и биле должни да ја видат и спречат, порача Јанев.

Овој настан, како што дополни, не е несреќа или случај на судбината, се работи на цел сплет и низа на надоврзани пропусти, синџир од замижувања и калкулиран ризик, кој некој го прифатил, но, како што рече, го платија оние што немаа избор.

-Нашиот народ знае да каже подобро да се спречи, отколку да се лечи. Тоа е и функцијата на превентивното безбедносно дејствување, но во овој настан последиците се неизлечиви, затоа што никој никогаш не се ни обидел да ги спречи, изјави Јанев.

Обвинетиот Дејан Јованов без било какви институционални стеги и контроли за почитување на безбедносните правила и прописи, опасноста никогаш не го интересирала, и како што посочи обвинителот, доказите многу јасно ќе го потврдат тоа.

-Димензијата на преземени дејствија и обемот на пропусти кај овој човек се шокантни и запрепастувачки. Ќе можете да видите и чуете што се бил спремен овој човек само заради профит и материјална надомест. Бидете убедени дека ќе ве потсетат на негативни ликови, антипод на сите човекови вредности, изјави Јанев.

Но, овој човек, нагласи тој, не успеа самиот да го превети системот наопаку, туку ни покажа каков систем сме имале и како не функционирал и ги истакна пропиустите на лицата кои биле одговорни за превенција и безбедносна заштита.

-Суштината на самото постоење на инспекции е превентивно да делуваат. Да видат пред да заболи, да забранат пред да изгори, да затворат пред да погребуваме. Но, овој човек успешно опстојувал со години и ги заобиколувал сите институционални препреки, бариери и безбедносни правила. Се што ќе посакал тоа го добиал. Сите документи кои морал да ги има не ги обезбедувал затоа што никој не му ги ни барал. Таму, каде што требало да добие заштита и да ги прикрие криминалните потфати, тоа го имал, изјави Јанев.

Со овие зборови обвинителството го започна воведниот збор, најавувајќи дека ќе се бара одговорност за сите пропусти кои довеле до една од најголемите трагедии во државава.

Претходно, на денешното рочиште за случајот со пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, одбраната на обвинетите побара одлагање на постапката. Причината беше спојувањето на предметот со постапката против сопственикот на агенцијата „Рубикон“, која ја обезбедувала дискотеката, како и доставувањето на единствен интегриран обвинителен акт. Адвокатите истакнаа дека им е потребно време да се запознаат со редуцираната листа на докази и приговараа на уредноста на доказниот материјал, барајќи тој да биде доставен во идентична хартиена и електронска форма.

По што Судот донесе одлука да го прифати предлогот на обвинителството за изведување на интегриран обвинителен акт и листа на докази, согласно решението за спојување на постапките.

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Покрај обвинетите, во судницата се присутни и родни на настраданите во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, новинари.

Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

 

Идризово обвинителство пулс судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.