Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава за Канчевска поднесена од Финансиската полиција

0
By Нова ТВ on July 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 3, 2019 15:12
 Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена од  Финансиската полиција против поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и државниот советник за финансиски прашања за „Несовесно работење во службата“.

Во пријавата која беше поднесена во декември 2017 година, се наведуваше дека тројцата пријавени, во периодот од јули 2009 година до февруари 2017 година, со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности.

Имено тие спротивно на чл.581 од Законот за трговски друштва, според кој странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на државава се додека не организираат подружница, примиле времени ситуации – фактури од странски правен субјект „Светлост театар“ ДОО Белград, Р. Србија, во кои незаконски бил вкалкулиран данок на додадена вредност од 18%.

На овој начин била извршена исплата во странство врз основа на 11 договори за извршување на услуги, стоки и работи реализирани во државава, при што Управата за финансиска полиција процени дека била нанесена штета на Буџетот во износ од 2.770.640 евра.

Од Обвинителството соопштија  дека утврдиле дека претпријатието „Светлост театар“ ДОО Белград, имало подружница во земјава со назив „Светлост театар“ ДОО Белград, запишана во Централниот регистар. Материјалите кои како изведувач требало да ги вгради се увезувале од матичната компанија, а увозните декларации гласеле на име на подружницата. При увозот бил пресметуван ДДВ кој бил плаќан од страна на подружницата како увозник.

Вештото лице кое било ангажирано од Обвинителството констатирало дека фактурите доставувани од „Светлост театар“ ДОО Белград, до Министерството за култура биле искажани во евра со посебно искажан ДДВ и со наведена сметка на која треба да биде исплатена сумата. Притоа функцијата на подружницата не била реализирана во целост, со оглед на тоа што фактурите биле изготвувани и доставувани од страна на матичната компанија, наместо од подружницата. На овој начин е создаден неправилен тек на парите.

Меѓутоа, со исклучок на определени веќе констатирани неправилности од Управата за јавни приходи во пресметаниот ДДВ на подружницата за извршените работи, други неправилности не се утврдени.

За констатираното од УЈП се составени записници, врз основа на кои се изготвени решенија со кои подружницата била задолжена со ДДВ во точен износ и тој износ веќе е наплатен, соопштуваат од Обвинителството.

Со самото тоа не постои штета на Буџетот на државата, ниту каква било друга штета, утврди вештиот наод и мислење.

Имајќи ги предвид сите овие факти, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените го сториле наведеното или друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Канчевска обвинителство отфрлена пријава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026

Луфтханза во штрајк – откажани стотици летови

February 12, 2026
ФОКУС
February 13, 2026Updated:February 13, 2026

САД  „стратешки“ ја зезнаа Македонија – 15% царина за македонски и 0% царина за американски производи  

ВЕСТИ February 13, 2026

САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија, со кој се создаваат…

Минхен: Почнува редовната безбедносна конференција на која лани Трамп и неговите европејците ги направија пуздер

February 13, 2026

Филипче: Кој дозволи 5 тони дрога да ја поминат границата без контрола?

February 12, 2026

Макрон и Мерц согласни дека нема алтернатива за единството на ЕУ

February 12, 2026
ТИКЕР

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026

Сеул тврди дека Ким Јонг Ун ја назначил ќерка му за негова наследничка

February 12, 2026

Луфтханза во штрајк – откажани стотици летови

February 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.