НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ја отфрли кривичната пријава за Арафат Муареми и другите вработени во Финансиската полиција

0
By Соња Крамарска on June 9, 2023 ВЕСТИ
Екс-директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција (УФП) Арафат Муареми и вработени службеници во Управата, јавниот обвинител врз основа на прибраните вербални и материјални докази утврди дека во однос на двете кривични пријави не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела или друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Обвинителството соопшти дека во анонимната кривична пријава поднесена од група граѓани на 3 мај 2023 година биле изнесени наводи дека УФП не постапувала по анонимните пријави и оформените предмети биле затворани без да биде известено надлежното обвинителство. „Врз основа на наводите во кривичната пријава, на 18 јули 2022 година до Управата за финансиска полиција  е доставено барање со рок од 10 дена за доставување податоци за бројот на примени анонимни кривични пријави од 2018 година до денот на доставување на одговорот и нивното евидентирање во уписниците на УФП, причините за нивно евентуално неевидентирање, како и фазата во која се наоѓаат овие пријави и дејствијата што УФП ги преземало по однос на нив“, велат од Обвинителството за организиран криминал.

Истиот ден беше извршен и претрес на просториите на УФП, како и претрес на тогашниот директор Арафат Муареми што беше причина за јавно препукување меѓу Муареми и главната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска. Подоцна овој случај беше повод да се покрене внатрешна дициплинска постапка против Русковска која заврши со заклучок дека претресот не бил извршен според законските процедури, што беше причина и за нејзино отстранување од обвинителка.

Во денешното соопштение на Обвинителството за гонење на организиран криминал се наведува дека нивните истражители извршиле увид во документацијата на УФП, односно во уписниците за наведениот период при што е утврден бројот на анонимните кривични пријави. По насока на јавниот обвинител е побарано овие предмети да се достават на увид, како би се утврдил начинот на евиденција и постапување. Со потврда за привремено одземање на денот на претресот се обезбедени 35 предмети, воедно од поранешниот директор се одземени подвижни предмети – едно УСБ и еден персонален компјутер. Подоцна, со допис од 9 септември 2022 година од УФП дополнително се доставени 380 предмети, наведува обвинителството.

Предметот на 21 септември 2022 година бил префрлен во надлежност на Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Наредниот ден, обвинителот дал наредба за вештачење на одземените електронски уреди.

Истражители од Истражниот центар на ОЈОГОКК, се наведува во соопштението, извршија увид во документацијата на сите 415 предмети и констатираа дека дел од предметите, иако се по пријави од 2018, 2019 и 2020 година, сѐ уште се водат како предмети во работа, а поголем дел од предметите се препратени на надлежно постапување во други инспекторати, МВР и други институции. Во предметите што биле затворени е содржана службена белешка од која може да се утврди на кој начин предметот е затворен или препратен во друга институција.

„Од сето погоре наведено, обвинителот утврди дека наводите во пријавата дека Управата за финансиска полиција не преземала соодветни дејствија по предметите и не ги известувала надлежните јавни обвинителства и другите засегнати институции, не соодветствуваат со фактичката состојба. Во однос на наводите во анонимната кривична пријава и фактот дека наредбата за претрес на лице е барана поради постоење  основи на сомневање дека поранешниот директор сторил кривично дело ‘примање награда за противзаконито влијание’, предмет на анализа на обвинителството беа токму овие наводи во корелација со прибавените докази во текот на предистражната постапка. Од доставеното вештачење и анализа на содржината на одземената компјутерска опрема е утврдено дека документите и компјутерските податоци немаат поврзаност со конкретниот предмет. Така, од собраните докази и деталното разгледување на сите анонимни пријави, не произлезе основано сомневање дека пријавениот со искористување на своето реално или претпоставено влијание, службена или општествена положба и углед, барал, интервенирал, поттикнувал или на друг начин влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши или да не се изврши службено дејствие што би морало да се изврши, а за посредувањето да примил награда или друга корист“, информира Обвинителството.

Со оглед дека од увидот во самите предмети обвинителството не може да утврди основи на сомнение дека обработувачите на предметите при преземање или непреземање на службени дејствија сториле кривично дело што се гони по службена должност, до УФП достави известување со кое ја задолжи УФП да изврши анализа на констатираните состојби во службената белешка и извештајот со цел дополнително да истражи. Доколку се констатира дека некој од инспекторите или поранешниот директор сториле кривично дело што се гони по службена должност, да го извести Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК.

Воедно, предметниот обвинител донесе решение и за кривичната пријава поднесена од физичко лице против поранешниот директор на УФП и инспектор во УФП, за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување, Малтретирање во вршење на службата, Насилство и Примање поткуп. Во врска со наводите во пријавата, јавниот обвинител во текот на предистражната постапка достави барање до повеќе органи и институции и ги сослуша оштетениот, пријавените и шеснаесет сведоци.

Со цел да утврди дали пријавените со своите дејствија оствариле битие на кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, јавниот обвинител од ОЈОГОКК презеде низа дејствија, меѓу кои достави барања за доставување податоци до Општина Дебар, барање за увид во предметот оформен во Управен суд и барање до УФП за добивање на предмет оформен по анонимна пријава која се однесува на легализација на бесправно изграден објект на лицето што ја поднело кривичната пријава до ОЈОГОКК.

„Од прибраните писмени докази и вербални искази, јавниот обвинител утврди дека не постои основано сомнение што упатува дека пријавените ја искористиле својата моќ како вработени во УФП и откако оштетениот не им дал пари, започнале да водат постапки за поништување на легализацијата на неговиот објект. Прибраните докази упатуваат на тоа дека пријавените постапувале во рамки на нивните законски овластувања по поднесена анонимна пријава до УФП и имале за цел да утврдат дали е сторено кривично дело што се гони по службена должност, а чие откривање и документирање е во надлежност на УФП. Управната постапка за поништување на решението за легализација за која станува збор во пријавата е во надлежност на Управниот суд и истата сѐ уште не е завршена“, се наведува во соопштението.

Обвинителството за гонење на организиран криминал соопшти и дека во однос на наводите дека пријавените сториле кривично дело Примање поткуп, пријавениот инспектор во својата одбрана ги негираше тврдењата опишани во кривичната пријава и тие  се потврдени со анализа на телефонската комуникација и движење по базни станици на телефонските броеви на пријавениот и пријавителот. Притоа е утврдено дека за период од една година, двата телефонски броја не се регистрирани на исти или приближно исти базни станици што упатува на заклучокот дека исказот на пријавителот не може да се потврди.

„Исказите на сведоците, вработени во општина Дебар не ги потврдија наводите дека пријавените ги извршиле кривичните дела малтретирање во вршење на служба и насилство за кои тој тврди дека биле преземани кон него и кон вработените во општина Дебар. Притоа, пријавениот поранешен директор на УФП не е споменат од ниту еден сведок, а оштетениот со ниту еден доказ не ги поткрепи тврдењата дека лица од Косово и Албанија му се јавувале во врска со овој предмет, ниту пак поврзаноста на наводните јавувања со пријавените“, соопшти државното јавно обвинителство.

Врз основа на анализа на сите расположливи докази, јавниот обвинител донесе решение со кое ја отфрли кривичната пријава бидејќи не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела за кои се пријавени или друго кривично дело што се гони по службена должност.

С.К,

Арафат Муареми Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал Управа за финансиска полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.