Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очевидец за НОВА со поинаква верзија за полицаецот кој усмрти Ром во Св.Николe

0
By Менче Атанасова Точи on September 22, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејството на Далибор Илиевски, триесет и едногодишниот Ром од Свети Николе кој синоќа беше застрелан од полицаец, се подготвуваат да тргнат од Кочани за да се соберат во знак на протест за смртта на нивниот роднина. Ова за НОВА го потврдија негови блиски роднини, кои се револтирани бидејќи е убиен од зад грб од полицаец, за кој велат дека можел само да го уапси, а не и да извади пиштол да пука во него.

Далибор е сопруг и татко на три деца. Работел како сезонски работник во градежништво и сезнски работи поврзани со земјоделие. За него велат дека бил проблематичен за ситни кражби на дрва, на бали, понекогаш предзвикувал и тепачки, расправии. Во моментот на несреќата се претпоставува дека бил во алкохолизирана состојба.

Очевидец на настанот кој случајно се нашол таму, а сакаше да остане анонимен за НОВА раскажува дека Далибор бил нервозен и почнал расправија со велосипедистот кој му се испречил во тесната улица. Во истиот момент тука се нашол и полицаецот кој дошол да го легитимира.

Очевидецот вели дека не е точно дека сакал да го прегази полицаецот, туку во моментот кога му се приближил полицаецот, тој тргнал со Ладата, а возилото му избегало од контрола, на страна бидејќи бил пијан. Според верзијата на момчето очевидец, полицаецот тргнал кон него за да го извлече од од возилото.

„Полицаецот го држеше и се обиде да го извлече од возилото, вратата беше отворена. Ладата тргна, а полицаецот се влечеше со отворена врата. Во еден момент падна, стана, го извади пиштолот и му пукаше во грб, во плешката“, вели очевидец за НОВА.

Далибор ранет, наведнат над воланот продолжил да вози до амбуланатата која била одалечена на 150 метра од местото на настанот. Успеал да стигне до паркингот на амбулантата и починал. Веднаш притрчала медицинска екипа, но не можеле да сторат ништо.

Неофицијално, куршумот останал во градите и веројатно стигнал до срцето. Наводно, на полицаецот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, но за ова нема официјална потврда од СВР Штип.

Поради дискриминацијата на Ромите, кои во Свети Николе се Христијани по вероисповед, некои од граѓаните стравуваат од ескалација на случајот.

Основното јавно обвинителство Штип соопшти дека дежурен јавен обвинител ги преземал потребните дејствија за да ги расветли причините за употребата на огнено оружје од страна на полицаецот од Полициската станица Свети Николе, кој синоќа при вршење на службени дејствија со пиштол усмрти едно лице.

Како што соопштува Обвинителството, според првичните сознанија полицаецот забележал возило „Лада“ кое се движело со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на Лада, видно лут од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал вербална и физичка расправија.

Токму заради тоа, полицаецот пристапил, ги одвоил и започнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој пак давал отпор и започнал со тегнење и буткање да се спротиставува на службеното лице.

Според соопштението од Обвинителството, возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот.

Возачот на Ладата, 30-годишен жител на Свети Николе, потоа во два наврата, вртејќи полукруг се враќал кон полицаецот обидувајќи се да го прегази.

Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот, кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и притоа му нанел огнострелна рана, од која лицето починало.

Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.