Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очи црни, очи страстни

0
By Нова ТВ on June 16, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Михаил Мице Бошковски

Така почнува една позната или наречена – најпозната руска рoмска романса. Нејзината популарност е распространета по целиот свет. Има некоја магија во неа што и до ден-денес побудува интерес и желба за слушање по кој знае кој пат.

Многумина сметаат дека таа е народна или како што популарно се вели, традиционална песна. Всушност, нема песна што нема автор. Секоја песна некој ја создал, а друго е прашањето дали се знае создателот или не се знае. Кога не се знае, таа е народна – традиционална.

А што се однесува до песната „Црни очи“ (на руски „Очи чёрные“), таа си има автор на текстот и автор на музиката, а приказната за нејзиното настанување почнува уште пред повеќе од 170 години кога украинскиот новелист Евгениј Гребинка (1812 – 1848) за првпат ја објавил во „Литературнаја газета“ во 1843 г.

Песната ја напишал за убавата Марија Василевна, девојката од соседството, со која се оженил и имал хармомичен брак. За жал умрел после неколку години. Текстот се состоел од само три строфи и бил излив на љубовни чувства кон саканата личност. А музиката настанала дури после 41 год., во 1884 г. („Во чест на валцерот“ – Опус 21), ја создал Флоријан Херман, роден Германец, кој живеел во Украина.

Аранжманот, според текстот го прилагодил извесен Софус Гердал. Тогаш за првпат е комплетирана и изведена како песна од локалните изведувачи.

Првата снимка на грамофонска плоча ја издал пејачот Михаил Вавич (1881 – 1931) во 1908 г. Тој, а и многумина други пејачи, посебно ромски оркестри ја изведувале по московските кабареа и песната била многу популарна посебно пред и за време на Октомвриската Револуција. По револуцијата Михаил Вавич ја напуштил Русија и се населил во САД и од 1925 г. работи како актер во Холивуд.

Но, со вистинска популарност во светски размери, песната се стекнува кога ја обработил славниот руски оперски пејач – бас Фјодор Иванович Шаљапин (1873 – 1938), во тоа време, со Енрико Карузо – тенор (1873 – 1921), биле двајцата најславни оперски пејачи во светот.

Шаљапин откако ја чул песната, се одлучил и тој да внесе малку љубов и страст инспириран од неговата идна сопруга Лола Игнатиевна Торнаги, италијанка по потекло со која се жени во 1896 г. Првин направил некои измени во текстот, го превел на руски и додал неколку строфи. Музички исто така ја дообликувал и ја прилагодил за своите потреби.

Ја интерпретирал на сите свои концерти, секаде каде што настапувал и така ја проширил нејзината популарност. На плоча ја снимил во Париз, многу подоцна, во 1927 г.

Шаљапин е роден во Казан. Покрај талентот за музика, особено бил надарен и за ликовната уметност и литературата. Покрај оперската музика, со задоволство пеел и руски народни песни. Од 1901 година неговата популарност се шири по целиот свет со настапи во најпрестижните оперски куќи во Милано, Лондон, Париз, Њу Јорк. Од 1922 година живее во Париз каде што и умира во 1938 г.

Во периодот пред и по Втората светска војна, песната станува интересна за многу музичари инструменталисти и пејачи. Скоро и да не постои ромски оркестар што ја нема на својот репертоар посебно во Русија, Романија, Унгарија…

Од вокалните верзии, покрај онаа на Шаљапин, вреди да се спомне интерпретацијата на Иван Реброф (роденото име му е Ханс-Ролф Риперт – 1931 – 2008), германски пејач кој со голем успех интерпретираше руски популарни народни песни и романси. Исто така и репрезентативниот Ансамбл Александров на руската армија кој заедно со хорот, оркестарот и танчерската група брои околу 130 членови, ја има на својот репертоар.

Во светски рамки, може да се каже дека има илјадници верзии на оваа песна. Но, од најславните да ги споменеме гитарскиот гениј Џанго Рајнхард кој ја сними во 1940 г. како ромски џез што тој го негуваше, потоа уште некои славни гитаристи како Лес Пол, Чет Аткинс и др.

Во американската џез музика познати се најмалку две различни изведби со два различни оркестри на славниот трубач Луј Армстронг. Тој песната ја интерпретира на нему својствен начин, со многу шарм и импровизација при пеењето во кое се обидува невешто да изговори и по некој руски збор.

Песната „Црни очи“ е употребена како илустрација во многу филмови, а славниот руски режисер Никита Михалков го позајми само насловот за својот истоимен филм од 1987 г.

Долг е списокот на познати инструменталисти и пејачи што на некој начин придонеле оваа песна да стане бесмртна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.