Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од наесен е повторно визи за Македонија и Србија?

0
By Нова ТВ on May 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Известувачот на Европскиот Парламент, Тања Фалон, изјави дека по летово треба да се очекува усвојување на механизмот за суспензија на безвизниот режим на ЕУ со некои земји. Според нејзините зборови, засега не постои реална закана за укинувањето на визната либерализација зашто во Европската унија не постои механизам за тоа, односно за тој механизам во моментов се расправа во Европскиот Парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ и тој допрва треба да се усвои.

– Кога механизмот ќе се усвои, тогаш заканата ќе биде вистинска. Затоа, повторувам дека властите и граѓаните треба да направат сѐ за да се намали бројот на лажни азиланти кои доаѓаат во Германија, Швајцарија, Белгија, Холандија или Шведска – истакна Тања Фалон во интервју за „Дојче Веле“.

Тој предлог е во процедура веќе две години и не се однесува само за Западен Балкан, туку и на сите трети земји што се дел од безвизниот режим. Фалон, сепак, вели дека постојат притисоци со усвојувањето на механизмот да се побрза и заради економската криза и големиот број на луѓе надвор од Унијата кои бараат работа, како и заради фактот што голем број трети земји допрва бараат безвизен режим.

– Властите во Унијата не сакаат да отворат врата пред да воведат механизам за суспензија на белиот Шенген. Затоа и мислам дека набрзо ќе се усвојат мерките, но не пред годишниот одмор. Тогаш ќе постои опасност, пред сѐ, за земјите од Западен Балкан, особено за Србија и Македонија зашто имаа најголем број азиланти во изминатиот период – вели Фајон

На прашањето како тој систем ќе функционира, на пример, ако Германија побара на граѓаните на Македонија и Србија повторно да им се воведат визи, известителот на ЕП за визна либерализација објасни дека во тој случај ако Германија има вонреден број на азиланти, таа ќе побара од Европската комисија да ја разгледа состојбата.

– Одлуката ќе се донесува со мнозинство во Советот на ЕУ, што значи дека не е неопходен консензус. Се плашам дека веќе денеска постои мнозинство земји членки кои би гласале за суспензија на безвизниот режим за некоја од овие две балкански земји – додава таа истакнува дека првата суспензија трае шест месеци со можност за продолжување за уште девет месеци.

Фајон вели дека потоа се поставува прашање како земјата да се врати назад во безвизниот режим. Постои опасност ЕУ да побара суспендираната земја трајно да се стави на црна листа.

– Се надевам дека ќе се остварат најавите на Европската комисија овој механизам никогаш да не го искористиме, но за жал реалноста во Европа е поинаква. Затоа е важно да се знаат правилата и да не се злоупотребува слободата на движење – објасува Фајон за „Дојче Веле“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.