Од полноќ се намалуваат цените на бензините за 1,5 денари за литар, а дизелот за 2 денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 79,50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 69,50 денари.
Се намалува и екстра-лесното масло за домаќинството за два и пол денара. Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на падот на цената на нафтата на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.