Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од септември само 50 кревети за болните со Ковид,ќе се затвораат одделите во“8 Септември“

0
By Менче Атанасова Точи on July 10, 2020 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: frontline.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градската општа болницата „8 Септември“ да не биде повеќе Ковид центар и да почне нормално да функционира за другите пациенти, побарале од Синдикатот на болницата на средбата со министерот за здравство Венко Филипче.

На состанокот на кој бил присутен и претседателот на Синдикатот за здравство и фармација, било побарано болницата да се врати во првобитната состојба, а за пациенти со Ковид да бидат на располагање само 50 кревети. Информацијата за НОВА, ја потврдија од Синдикатот на ГОБ“8 Септември“.

„Баравме да се врати во првобитна состојба болницата,  а за пациентите со Ковид да има на располагање 50 кревети на приземјето и на првиот спрат каде што е интензивното одделение. Министерот Филипче рече дека нашите барања се реални и дека е благодарен за што сме направиле досега, за целата жртва. Беше ветено дека намалувањето на капацитетите ќе се одвива постепено, до септември“, велат за НОВА од Синдикатот на болницата.

Од Синдикатот велат, Филипче им ветил дека затворањето на одделенијата ќе започне од наредната недела кога ќе биде затворено едно од одделенијата.

Планот е да се затвораат едно по едно одделите на кои што се сместени пациенти со Ковид, за од есен болницата да се стави во функција на граѓаните. Тие велат велат дека се задоволни од приемот и од разговорот со министерот Филипче и дека останува да се види, дали ветеното ќе почне да се реализира.

Според информациите, за пациентите ќе биде на располагање уште една мобилна болница, како и студентските домови во Битола и Охрид.

Болницата од 16 март функционира како Ковид центар и таму се примаат најтешко болните пациенти. Хирурзите постојано реагираат и бараат да се врати редовната програма и да започнат да оперираат пациенти чии операции беа одложувани.

И анестезиолозите и останатиот медицински персонал реагираат и се жалат дека се преморени и повеќе не може да се функционира во вакви услови. Во болницата секоја ноќ се примаат од 15 до 20 нови случаи со Ковид.

Како што веќе објави НОВА, лекарите уште пред две недели побараа да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид во ГОБ„Септември“ затоа што веќе нема место место, оделенијата на петте спрата се преполни, а вработените се преморени и исцрпени.

„Ситуацијата е критична. Треба да се стопира приемот на нови пациенти со Ковид-19. Сите сме на крај на сили, особено тие што сме во трите оддели каде што се најтешко болните, во шок соба, интензивна, во Ковид центарот, велат анестезиолозите за НОВА.

Тие тврдат дека во овие оддели сликата е очајна, медицински сестри паѓаат од умор, колабираат, повраќаат од премореност од работа. Анстезиолозите се изморени во битката со пандемијата без прекин четири месеци.

Поради сето ова ситуацијата станува неиздржлива и здравствените работници  од „8 Септември“, апелираа до надлежните за побрзо решавање на проблемот, за да не дојде до непосакуваното, до колапс на болницата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.