Откако во 2004 година Летонија стана членка на ЕУ, од 1. јануари 2014 година влегува и во зоната на еврото, со што ќе стане 18-та членка на таа група.
Балтичката земја влезе во Европската унија и НАТО во 2004 година. Главните производи на земјата се синтетички влакна, земјоделски машини, ѓубрива, земјоделски и фармацевтски производи и индустријата со текстил.
Летонија зависи од увозот на енергенси и сировини. Земјата има нешто повеќе од два милиони жители.