Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од утре изменет сообрајќаен режим на делницата Маврови Анови – Жировница

0
By НОВА ТВ on August 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови – Жировница, од утре -24 август од 10:00 до 16:00 часот ќе биде со изменет сообрајќаен режим поради градежни активности, информираа од општина Маврово и Ростуше.

Додаваат дека измената на сообраќајниот режим на овој патен правец во период од 45-60 дена, ќе биде со комплетно затворање на делницата во одредениот временски период во кој ќе се одвиваат градежните активности – асфалтирање на Регионалниот пат Р1202.

-Општина Маврово и Ростуше им препорачува на сите оние кои ќе се движат по овој патен правец во споменатиот период, за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, стои во известувањето од општината.

Делницата е во должина од 18,5 клометри, со ширина од 6 метри, а издвоената вредност за реализација на овој проект е 6,18 милиони евра, средства обезбедени преку ЕБОР.

Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови.

-Со проектот за рехабилитација на оваа делница предвидено е да се изведат   повеќе градежни зафати, дел од нив веќе реализирани, како што се  еднослојна и двослојна надградба на сегменти од трасата каде што површинските оштетувања се поизразени, нова коловозна конструкција на делови од трасата каде што коловозот е во лоша состојба, санација на мостови, реконструкција, доградба и изведба на нови  потпорни ѕидови, нова сообраќајна сигнализација, обележување на патот и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата, вели градоначалникот Медат Куртовски.

Додава дека цел на локалната самоуправа, со подршка на централната власт,  е со реализацијата на проектот да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, што значи безбедно, побрзо и непречено негово одвивање.

Жировница Маврови Анови пат сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.