Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од утре рестриктивни мерки, повеќе од 5.000 активни ковид случаи во земјата

0
By НОВА ТВ Balaban on August 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со дополнувањето на рестриктивните мерки, во угостителските објекти ќе може да влезат и прележани од ковид -19.

Значително зголемен број на новозаразени со ковид -19 е регистриран и вчера, а од Министерството за здравство најавуваат дека во наредните недели состојбата може да биде критична, но уверуваат дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Клиниката за инфективни болести во Скопје е пополнета со ковид пациенти, а ќе се активираат и останатите центри.

Пред утрешното стапување во сила на рестриктивните мерки, ресорниот министер Венко Филипче најави дека, освен вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале ковид-19.

Како што објави вчера МЗ, во претходното деноноќие од направени 9.270 тесторања, регистрирани се 792 нови случаи на Ковид-19,  од компликации од вирусот починале десет пациенти, а 104 оздравеле. Како и во изминатите денови, најголем број новозаразени се во Скопје – 245, по што следат Тетово – 136, Гостивар – 127, Куманово – 59, Кичево – 42, Струмица – 37… Пријавените починати лица се на возарст од 33 до 84 години.  Бројот на активни случаи со Ковид изнесува 5 043.

Со оглед на наглиот раст на  бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 во следните недели, според Филипче, ситуацијата може да биде критична, но здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна, порача Филипче при вчерашната посета на Општата болница во Охрид.

Анализата на Министерството за здравство покажува дека од вкупно 3497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3047 се невакцинирани, односно само десет проценти се вакцинирани и се позитивни, а тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба.

Бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани, укажа министерот, е посебно голем во градови каде што опфатот со вакцинација е околу дваесетина проценти. Тоа се Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево… Во Охрид опфатот со вакцината е 50 проценти и има помалку од десет хоспитализирани пациенти.

– Тука се пополнуваат инфективните одделенија, дел од пациентите се префрлаат во Скопје. Инфективната клиника е пополнета со овие пациенти, секако и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во градот Скопје. Сега се активираат останатите ковид центри. Системот е спремен, лекарите во тимовите за ротација. Спремни сме да го дочекаме притисокот од овој бран, рече Филипче.

Се очекува да се зголеми опфатот на вакцинација, со оглед на, како што рече ресорниот министер, одличниот одѕив по најавата за новите мерки кои стартуваат од 16 август. Има, вели, сосем доволен број вакцини, а следи и донација од Република Бугарија од вакцината  „Фајзер”.

– Она што е очигледно за сите држави е дека се инсистира на вакцинација, рече Филипче, кој упати на примерот на Канада каде што ќе биде задолжителна  вакцинацијата на сите во јавниот сектор.

Со дополнувањето на рестриктивните мерки, во угостителските објекти ќе може да влезат и прележани од ковид -19.

– Овие лица доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од ковид -19, но само првите 45 дена, сметајќи од денот кога оздравеле. По завршувањето на овие 45 дена, од прележувањето, и за овие граѓани ќе важи дека за влез во објекти треба да приложат серитификат за вакцинација, односно потврда за примена барем прва доза вакцина, изјави Филипче.

активни ковид случаи рестриктивни мерки угостителските објекти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.