Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од затвор во нафтениот бизнис: „Тритерол петрол“ пријавени дека продaваат лошa нафта

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неквалитетно екстра лесно гориво, наменето за греење на ученици, студенти и административни работници, се дистрибуира низ институциите во целата држава. Ова произлегува како заклучок од пријавите кои засегнати установи ги испратиле до Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и ја пријавиле фирмата „Тритерол петрол“ дека им доставува нафта за греење со сомнителен квалитет.

Директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски потврди дека во текот на оваа недела ќе излезат тимови да го проверат квалитетот на лесното гориво во нивната нова лабораторија наменета токму за испитување квалитет на нафта и нафтени деривати. Кога ќе се земат примероци и кога ќе има резултати уште не се знае. Списокот на институции кои набавуваат нафта за греење од „Тритерол“ е подолг, а некои од нив реагирале затоа што забележале честички од други состојки во нафтата, а кај некои горивото го расипало системот за греење, најверојатно со затнување на вентилите.

 

Во очекување дека инспекторите ќе стигнат неделава во сите установи кои алармирале за неквалитетното гориво, а потоа откако ќе утврдат дали навистина нафтата за греење не ги исполнува стандардите, ќе мора да се преземат и санкции за одговорните. Пред се, против „Тритерол“ како дистрибутер кому му е доверен транспортот и набавката на екстра лесното гориво од страна на голем број државни институции.

Дали ова е начин да се испумпуваат и пари од државната каса за нечија корист? – Што е најсимптоматично во целата оваа приказна? – Секако, компанијата „Тритерол петрол“ која за последната грејна сезона си има ќарено тендери за набавка на нафта за греење. Само од општина Штип наплаќа милион евра за тековната грејна сезона.

 

Според податоците од Централен регистар во Тековната состојба за фирмата, во графата управител е запишано името на Љупчо Пецов, осуден на девет години казна затвор заедно со татко му Ангел и со мајка му Мариче во досието „Керозин“ во 2014 година. Тогаш семејството Пецови од Неготино беше осудено дека како злосторничка група преку неготинската фирма „Алма-комерц“ точеле помало количество нафта во институциите отколку предвиденото со договорите за јавни набавки и со тоа ja оштетиле државата за три милиони евра.

 

Во нивната група, за да го спроведат криминалот, учествувале и возачите на цистерните со гориво, како и котларите и домарите во институциите кои користеле нафта од „Алма комерц“. Сега Пецови имаат нова фирма, но со стариот бизнис. Но, како е можно? – Ако во 2013 година биле притворени за „Керозин“, а во 2014-та осудени на затворски казни по девет години, тогаш Ангел и Љупчо Пецови треба да излезат од затвор во 2022 година (2013 – 2022), а тие во тековната грејна сезона дистрибуираат гориво.

Соочени со овој факт одговор побаравме во Кривичен суд Скопје 1. Оттаму ги потврдија затворските казни на Пецови, но известуваат дека општата амнестија од 2017 година се однесувала и на нивните дела. Казната им била намалена за една третина или на шест години. Ако е така, тогаш Пецови излегле од затвор во 2019-та, или непосредно пред да станат добавувачи на нафта за греење преку „Тритерол“. Тоа е компанијата за која опозициската ВМРО ДПМНЕ пред неколку години го обвинуваше функционерот на СДСМ, Лефтер Андонов, за кого беше објавено дека добивал голем број тендери во општина Струмица.

 

 

Но, сега таа фирма е на име на Љупчо Пецов, старо-новиот дистрибутрер на горива или како што е заведен во Централен регистар – трговец на големо со цврсти, течни и гасовити горива. Се поставува и прашањето, зошто судот не им изрекол забрана на Пецови да се занимаваат со истиот бизнис преку кој ја оштетиле државата за три милиони евра? – И уште понелогично е како Пецови за многу кратко се враќаат во бизнисот кога им е конфискуван имотот, цистерните, возилата? – Кој им е грбот на Пецови за да можат веднаш по затворот, со одземен имот, да станат еден од дистрибутерите на нафта за греење, па дури и да победуваат на тендери пред големите реномирани компании за нафтени деривати и на крајот да инкасираат милиони евра?

Познавачите на нафтениот бизнис пренесуваат дека „Тритерол петрол“ многу често кога има конкуренција на некој тендер ја спушта цената на екстра лесното гориво многу ниско за останатите компании да се откажат од трката. Тоа најверојатно му успеало со многу институции. Дали дистрибуцијата на неквалитетна нафта сега се должи на тоа дека цената која му се плаќа за литар гориво е ниска што ја тера фирмата да ја меша со други состојки?

Овој пат пријавите на државните институции се однесуваат за лошиот квалитет, а дали им се носи повторно помала количина од таа што ја плаќаат, како претходно кога беше откриена аферата „Керозин“, во институциите – пријавувачи немаат информации. За тоа е неопходно да се направи проверка и на системите за баждарење на самите цистерни кои кој знае дали воопшто финкционираат.

Поплака до инспекторатот испратиле и Економскиот факултет во Прилеп, некои јавни обвинителства, како прилепското, ученичкиот дом во Куманово, но и други засегнати установи кои се плашат дека и нивните системи за греење ќе се расипат од лошата нафта. Како и да е, Државниот пазарен инспекторат е на потег – да ја провери нафтата и да преземе мерки ако има одговорни.

На голем од дел од прашањата изнесени во текстот треба одговор да даде самата фирма „Тритерол петрол“, но до нив тешко се стигнува, барем денеска. Нивната фирма на интернет се води како дел од „Тритерол Групација“, но од таму нè известија дека „Тритерол петрол“ неколку месеци не е нивни член.

Дали ова коинцидира со времето кога Пецови излегуваат од затвор и ја преземаат компанијата? – Во Централен регистар имаат оставено службен мејл каде што испративме порака дека ќе објавиме текст за поплаките кои ги имаат институциите кон нивната фирма, но одговор чекаме одговор.

„Тритерол Петрол“ ДПИ нафта пријави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.