На 10 август 2001 година товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила налета на две противтенковски мини. Животот го загубија осум припадници на резервниот состав на армијата
Делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, по повод 20-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјата во Oпштина Ѓорче Петров и во Волково.
Делегациите од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски положија цвеќе и пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје. На 10 август 2001 година воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила налета на две противтенковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски,ooo Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на Армијата од гарнизонот Скопје