Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележани 68 години од мавровската снежна трагедија

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со пригоден собир и оддавање почит на загинатите градители на хидро-енергетскиот систем „Маврово“ во снежни лавини, на споменикот до браната во Маврови анови се одбележаа 68 годишнината од трагичниот настан.

– Во недела, се навршуваат 68 години од големата февруарска трагедија која се случи во овој регион. Ноќта на 10 спроти 11 февруари во далечната 1956 година, од снежните лавини што го зафатија мавровскиот регион загинаа 52 градители, граничари и мештани на мавровскиот хидроенергетски систем. Уште еднаш сакаме да им дадеме до знаење на сите наши вработени, дека луѓето што загинаа во ова трагедија вечно не задолжија, положувајќи ги своите животи, рече Томче Јанески раководител на градежната служба на ХЕС „Маврово“.

Тој напомена дека во знак на сеќавање е подигнат споменик од 1957 година и од тогаш редовно се одржува традиционалниот спортски натпревар во скијачко трчање „Мавровски меморијал“.

Мавровската снежна трагедија, предизвикана од нагло топење на снегот, предизвикало лавини по долината на Радика (во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир). Од планината Кораб, снежни лавини се урнале врз куќи, бараките на градителите на мавровскиот хидроенергетски систем и караули, при што биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив.

Споменикот на градителите близу браната во село Маврови Анови е подигнат во 1970 година, а ја симболизира нивната храброст и пожртвуваност.

 

Маврови Анови Маврово мавровски меморијал Трагедија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.