Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори

0
By Zoran Ivanov on August 7, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осми август е ден кога недобронамерниците посегнаа по наше парче земја, ден кој и по 24 години буди чувства на гордост, но и на тага, рече потполковник Сашко Палески, командант на гарнизонот „Мирче Ацев“ во Прилеп при вечерашното чествување на 24-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак.

Повеќе делегации, роднини на загинатите се поклонија пред спомен-обележјето во касарната со што почнаа чествувањата за 10-те прилепчани кои загинаа при заседата на патот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак кога беше нападнат армискиот конвој.

-Носиме чувство на гордост за хероизмот на нашите другари: Нане, Сашо, Веби, Бранко, Горан, Ердован, Дарко, Љубе, Пецо и Марко, припадници на резервниот состав на единицата и емоции на жал и тага поради саможртвата на нашите херои кои како лојални и чесни граѓани ја исполнија својата света должност, се јавија на повикот, положувајќи ги своите животи на браникот на татковината, истакна потполковник Палески.

Како што рече, спомените за загинатите ќе се чуваат, со порака – никогаш да не се повтори.

-Останува обврската, наша и на идните поколенија и генерации, споменот да го чуваме, да го негуваме, да се сеќаваме и да не дозволиме никогаш да се повтори, рече потполковник Сашко Палески при вечерашното чествување за загинатите бранители.

Игор Петрески, претседател на здружението „Карпалак“ и еден од преживеаните, изјави дека Прилеп достојно им се оддолжува на загинатите, но не и целата држава.

-Ние не бараме посебни награди. Отидовме да ја браниме татковината. Бараме само малку од малку ова општество да имаше некое внимание кон починатите. Некако како да преминуваат во заборав. Загинати се многу, а малку се споменуваат. Се сеќаваат само на наше инсистирање на овој ден, изјави Петрески.

Здружението 24 години се труди и бара плочата на месноста Карпалак да опстои и да има достојно обележје.

-Постојано бараме, еве и сега не знаеме во каква состојба е. Постојано сме во некои контакти, барања, повикувања, но никако да стигнеме до достоинствено спомен-обележје на Карпалак, рече Петрески.

Присутните на одбележувањето во Касарната ја посетија и спомен-собата каде се спомените за загинатите.

Честувањето за загинатите бранители продолжува пред споменикот во селото Лениште и со вечерна богослужба во манастирот „Света Петка“ во ова село.

Централното чествување за 10-те загинати бранители е на 8 август од 13 часот пред сапоменикот Карпалак во центарот на Прилеп.

Делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде посетена и месноста Карпалак каде на 8 август 2001-та во заседа беа убиени прилепските воени резервисти.

годишнина. прилеп Карпалак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.