Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија и Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, денеска (14 часот) на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе го одбележат Денот на независноста на Украина – 24 август.
Според програмата, како што соопшти Украинската aмбасада, предвидено е поставување на светски рекорд за изведување на националната химна на Украина истовремено во 50 земји во светот и формирање на жив синџир во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“.