Апелациониот суд во Москва ја одби жалбата на членовите на контровезната панк група Пуси Рајот, на пресудата според која четири видеа на оваа група се осудени како екстремистички.
Судиите оцениле дека бидејќи не постои странка во спорот, Јекатерина Самучевиќ не може да се жали на пресудата.
На тој начин пресудата се смета за неоспорна и стекнува правно дејство, па наведените видео клипови и официјано се квалификувани како екстремистички материјал.
Со пресудата на која се жалеше Самучевиќ, московскиот суд наложи да се ограничи пристапот во јавност на четирите видеа кои се појавија на пет интернет портали.
Надежда Толоконјикова,Марија Алјохина и Јекатерина Самучевиќ во октомври беа осудени на две години затвор поради хулиганство, бидејќи во фебруари минатата година во Храмот Христо Спасител ја отпеале песната “Богородице, прогони го Путин”.