Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оддадена почит на загинатите Македонци во Француската војска во Првата светска војна

0
By НОВА ТВ on November 12, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската заедница во Франција по повод одбележувањето на годишнината од Примирјето од Првата светска војна, положи венец пред спомен-обележјето во Паркот на мирот во Колумбел каде се овековечени/изгравирани имињата на 33 Македонци кои загинале на страната на Француската армија во Првата светска војна.

Како што соопштуваат од Здружението „Заборавени Македонци“, по еден век Франција прва се одважи да ја исправи историската неправда за овие млади македонски војници и досега ова е прв и единствен чин од една учесничка страна во Првата светска војна да оддаде почит кон македонските учесници во таа војна.

Оваа година на настанот што се одржа вчера, Македонците беа претставени од Здружението „Илинден 1903“ и Здружението „Заборавени Македонци“ кои заедно со градоначаланикот на општината Колумбел, Марк Потје положија венци и одржаа говори во сеќавање на младите Македонци кои ги дадоа животите за француската држава.

Градоначалникот Марк Потје од француска и Смиле Петровски од македонска страна, се посочува, подвлекоа дека „паднатите македонски војници од Првата светска војна се симбол на француско-македонското пријателство и нивната жртва е најскапоцентото нешто кое ние денес го имаме, тоа што живееме во мир им го должиме токму на овие млади луѓе“.

Иницијативата за подигнување на спомен-обележје беше покрената во 2017 година во пресрет на одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна и учество зедоа Општината Колумбел од Франција, Општината Штајнхајм ам Албух од Германија, општините од кантонот Карнака од Република Нигер и Општина Новаци од Македонија.

Спомен-обележјето со имињата на загинатите војници во виорот на Првата светска војна се наоѓа во Паркот на мирот во гратчето Колумбел во Нормандија и испишан е на француски, германски и македонски јазик, официјалните јазици на земјите учеснички во проектот. Проектот почива врз европските принципи и вредности и не ја велича само победничката страна (Франција), туку оддава почит кон сите жртви кои неволно биле инволвирани во воениот конфликт и затоа тука е вклучена и Германија како страна која ја изгубила војната.

Во Првата светска војна, за жал, Македонците беа мобилизирани во различни завојувани војски на Македонскиот (Солунскиот) фронт и во битките на Кајмакчалан згаснаа голем број млади македонски животи кои насилно беа мобилизирани во други војски, но, како што се наведува во соопштението, досега за нив нема подигнато ниедно спомен-обележје што ќе потсетува на тие жртви.

-Македонската заедница од Франција преку проектите на здружението „Заборавени Македонци“ ги охрабрува и поттикнува и другите учесници во Првата светска војна (пред сѐ, Србија и Бугарија) да го следат примерот на Франција и да покажат храброст и направат напори на сличен начин да бидат овековечени имињата на сите Македонци кои насилно биле мобилизирани во нивните војски претворајќи го Македонскиот (Солунскиот) фронт во „кланица на македонската младост“ и најсуров приказ за бесмисленоста од воените конфликти кои го опустошија Балканскиот полуостров со последици кои се чувствуваат и ден-денес, повеќе од еден век од тие немили настани, стои во соопштението.

На список на загинатите Македонци од Општина Новаци чии имиња се изгравирани на споменикот во Коломбел во Франција се: Павел Георгиев, с. Агларци, Стојан Димитров, с. Билјаник, Васил Колев, с. Брод, Васил Христов, с. Брод, Христо Петков, с. Будимирци, Марко Иванов Раклев, с. Градешница, Мирчо Стоиков, с. Градешница, Киро Христов, с. Грумази, Иван Петков, с. Маково, Иван Петков, с. Рапеш, Сокле Крстев, с. Мегленци, Богдан Мегленеца, с. Мегленци, Стојан Мегленеца, с. Мегленци, Мице Христов, с. Мегленци, Сребре Костов, с. Новаци, Гроздан Лозанов, с. Рапеш, Иван Петков, с. Маково, Иван Петков, с. Рапеш, Лазар Атанасов, с. Скочивир, Китан Митрев, с. Скочивир, Петар Толев, с. Сливица, Коле Никола, с. Брник, Тодорче Стојан Никола, с. Брник, Петко Стојан, с. Брник, Миле Коте, с. Градешница, Филип Трајче, с. Градешница, Павле Диме, с. Градешница, Цветан Крсте, с. Далбеговци, Митре Петков, с. Добровени, Петко Боше, с. Рапеш, Петко Лисковски, с. Добрушево, Стевче Новевски и Јован Битољ.

Франција на државно ниво вчера го одбележа денот кога беше означено примирјето и победата на сојузниците над Германија во Првата светска војна. Примирјето кое стапи во сила во Париз и овој историски датум е познат под името „Во 11. часот на 11. ден од 11. месец“ во 1918 година кој ден се смета за капитулација на Германија во Првата светска војна.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.