Првата пратка вакцини против Ковид-19 во земјава нема да пристигне утре како што беше најавено. Предавањето на вакцините кое беше закажано на граничниот премин Табановце кога српскиот претседател Александар Вучиќ требаше да ги достави вакцните е одложено.
-Заради неопходна дополнителна техничка документација се одложи примопредавањето на вакцините од Србија за Северна Македонија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ.
И од македонската влада стигна соопштение за одложување на настанот.
-Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре, 11.02.2021 година (четврток), на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме, се вели во соопштението од Владата испратено доцна вечерва.