Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено повторното судење за Теодора Ристовска, која го загуби животот во сообраќајна несреќа

0
By Marija Todorovska on March 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Тетово денеска повторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Судијата Елведин Ферати информираше дека причина е тоа што не е присутен обвинетиот Менсур Пајазити, како и неговиот бранител Александар Богдановски.

На 3 март 2025 од сопругата на обвинетиот е доставен поднесок од сопругата на обвинетиот со кој извести дека обвинетиот се наоѓа на лекување во Клиничка болница и достави медицински извештај од ЈЗУ Клиничка болница дека како пациент е задржан на болничко лекување во оддел за интерна медицина. Бидејќи не се исполнети законските претпоставки за главна расправа истата се одложува за 27 март во 11 часот и 30 минути, рече судијата.

Семејството реагира дека како и при првото судење се соочуваат со одложување на правдата и имаат болка.

По две и пол години повторно се наоѓаме пред основен сум повторно ни ја враќаат болката, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години. Студент кој се бараше за своите права со соништа беше човек со огромна душа и како што ги гледате овие луѓе денес тука дојдоа да не поддржат, бидејќи сестра ми имаше душа за сите. Не ми е јасно уште колку треба да поминуваме уште низ истиот пекол за нешто што е очигледно и што и колку солзи треба да пролееме уште колку мајки треба во црно да ги заживееме. Денес тука сме дојдени за правда за сестрите Теодора и се надевам дека судот ќе пресуди правилно, изјави Ева Ристовска, сестра на Теодора.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор.

Обвинетиот поднесе жалба до Апелацискиот суд во Гостивар. Како резултат на ова, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор. Тој поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд на Северна Македонија, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење, вели Ева Ристовска. Возачот не одлежал ниту еден ден затвор, иако несреќата се случи пред речиси три години, изјави Ева Ристовска

судење Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.