Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“ и дадени насоки за итна набавка на лекот

0
By Jane Gjorgioski on February 9, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска имаше средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, рече дека се одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“, како и дека се дадени насоки за итна набавка на лекот.

На средбата присуствуваа и советничката за здравство Ана Данева-Маркова, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашкоска и пратеничката Санела Шкријељ, а премиерот потенцираше дека нема да дозволи ниту еден пациент во земјава да биде издвоен или маргинализирани само зашто има скапа терапија.

Во Владата, информира Ковачевски, ќе се формира посебно тело составено од стручните советници на премиерот, ФЗОМ, МАЛМЕД, БЈН, Клиника за детски болести и претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, кои до крајот на следната недела треба да направат предлог-измени на Закон за јавни набавки, Закон за лекови и Закон за здравствено осигурување за да може директно да се преговара за набавка на лекот и на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти.

„Со  измени на постоечки законски регулативи, би се направило системско решение, односно државата во директни преговори со производителот на лекот би ја набавувала потребната терапија. Дополнително, прв пат ќе се подготви тригодишна програма за пациенти со цистична фиброза, во која ќе има буџетска предвидливост за секоја година сите пациенти да го добиваат лекот“, рече премиерот.

На почетокот на средбата, тој уште еднаш изрази длабоко жалење за смртта на прерано починатиот Благојче Илиевски кој ја загуби битката со болеста цистична фиброза.

Димитар Ковачевски трикафта цистична фиброза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.