Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одвоени 1,5 милион денари за манастирот во Матејче, ќе се заштити како културно наследство во опасност

0
By Ана Василевска on February 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче, еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во нашата земја, кој е разурнат во воениот конфликт во 2001 година и подолго време е мета на вандализам и кражби, ќе биде заштитен како културно наследство во опасност, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска на денешната прес конференција.

На новинарско прашање од НоваТВ одговори дека во буџетот се предвидени 1,5 милиони денари за заштита на манастирот како приоритет на културно наследство во опасност.

„Она што не е видливо во програмскиот буџет што го изнесовме денеска е тоа дека се предвидени 1, 5 милион денари за мерки за заштита на манастирот во Матејче. Ќе продолжиме и со реконструкција согласно насоките од надлежните институции. Во комуникација сме и со министерството за транспорт и врски кои ќе го санира патот до манастирот. Од општината Липоково ќе добиеме помош да се спречат натамошните кражби“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Инаку од СВР Куманово низ годиниве повеќе пати информираа за кражба на оловото на покривот од манастирот.

Реагираше и кумановско-осоговската епархија, дека манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче, подолго време е цел на вандализам и кражби.

Низ годиниве имаше многу ветувања дека ќе се врати сјајот на овој манастир во состојба како што беше пред 2001 година, преку координирано ангажирање на  Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Националниот конзерваторски центар.

Пред две години (2021) во рамки на годишната програма на годишната програма за финансирање на проекти од областа на заштитата на недвижното наследство за 2021 година, на надлежната установа НУ Национален конзерваторски центар, Министерството за култура одобри проект за заштитни интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата во Матејче во износ од 1.000.000 денари. Во текот на 2020 година на барање на надлежната установа НУ Национален конзерваторски центар беа одобрени 300.000 денари за реализација на ургентни превентивни интервенции на црквата Успение на Пресвета Богородица во манастирот Матејче кои беа спроведени во првата половина на месец ноември и опфатија корективни мерки на оштетените и одвоени елементи од кровниот покривач од црквата и третман на споевите со ѕидните површини, како и затворање на оштетените стакла кај транзените на црквата.

Активисти од градот, со години алармираа за исклучително лошата состојба на манастирот која се влошуваше секоја година, по воениот конфликт 2001. Тие реагираа и дека средствата кои се одвојуваат од институциите, очигледно не се трошат за намената за која се предвидени а објектот е во се полоша состојба.

Манастирската црква е изградена во XIV век од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале.

А.Василевска

 

Бисера Костадиновска - Стојчевска Заштита на културно наследство во опасност Манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.