Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје

0
By Biljana on January 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Беса Транс Фејсбук
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По барање на Државниот инспекторат за транспорт, Министерството за транспорт и врски донесе решение за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје. 

Со тоа привремено му се забранува вршење на дејност на превозникот, со што му се одземаат лиценците за внатрешен и за меѓународен превоз на патници, како и изводите од лиценци.

Превозникот, како што информираат од Министерството, е должен лиценците и изводите од лиценците да ги достави до Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството појаснуваат дека превозникот „Бога Транс“ поседувал лиценца за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници, како и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Исто така, превозникот поседувал и важечки изводи од лиценци за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и изводи од лиценци за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

„Од страна на Државниот инспекторат за транспорт е извршен вонреден инспекциски надзор на 21.12.2021 година, за што надлежниот инспектор констатирал дека и покрај тоа што превозникот поседувал важечки лиценци, возачот не поседувал валиден сертификат за вршење на дејност во меѓународен сообраќај. Со тоа, утврдени се неправилности во работењето на правниот субјект, односно работел спротивно на Законот за превоз во патниот сообраќај“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Согласно член 8 став 1 точка 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај, прецизираат од Министерството, домашно правно или физичко лице може да добие лиценца ако исполнува одредени критериуми, меѓу кои да има вработено во работен однос минимум еден возач по моторно возило.

„Бидејќи превозникот „Бога Транс“ во моментот на инспекцискиот надзор не ја запазил оваа одредба од Законот, Министерството за транспорт и врски по барање на Државниот инспекторат за транспорт, донесе Решение за привремено запирање на вршење на дејност“, се вели во соопштението и се додава дека Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности ќе продолжи да постапува согласно законските прописи за сите физички и правни лица кои работат спротивно на законот.

„Беса транс“ Министерство за транспорт и врски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.