Грчкиот Парламент денеска изгласа одземање на имунитетот на четворица пратеници на неонацистичката партија „Златна зора“.
Имунитетот им беше одземен на Елени Зарулија, сопруга на лидерот на „Златна зора“ Никос Михалолиакос, потоа на портпаролот на партијата Илиас Касидаиарис, како и на Илиас Панајотарос и Статис Букурас.
Исто така, му беше одземен имунитетот и на пратеникот од партијата „Независни Грци“ Василис Капернарос, а отфрлено беше барањето за одземање на имунитетот на пратеничката од радикалната левица СИРИЗА, Марија Диакаки.
Против Зарулија е поднесено обвинение дека се обидела да внесе куршум, скриен во нејзината чанта, за време на посетата на својот сопруг во притвор. Останатите тројца се обвинети за нарушување на јавниот ред