Беровскиот инспектор Санде Крамарски кој учествуваше во обредот со јагнето во домот на сопствениците на фармата „Мачевските деца“, ќе одговара пред дисциплинска комисија а во меѓувреме му се одземени надлежностите како инспектор.
Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во известувањето до медиумите, што го испрати Анима Мунди, по пријавата за случајот https://fb.watch/bQutQlLcpR/ ќе спроведе дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап согласно член 73 точка 22 од Законот за административни службеници. Инспекторот ќе одговара за однесување спротивно на одредбите на Кодексот против државен службеник, а исто така му е одземена надлежноста за вршење на службени контроли во делот на здравствена состојба и благосостојба на животните, се вели во известувањето од Здружението за заштита на животните Анима Мунди.