До 13 часот, на гласање излегле 34,87 отсто од граѓаните евидентирани во Избирачкиот список.
Според ДИК, одзивот во Скопје е 31,21 отсто.
Најголема е излезноста во Вевчани, каде до 13 часот гласале 60,52 отсто од гласачите.
Во Кичево, на гласање излегле 54,69 отсто, во Новаци – 46,93 отсто, во Лозово – 43,12 отсто, во Крушево – 40,3 отсто, во Македонски Брод – 40,28 отсто, во Виница – 38 отсто, додека во Велес – 33,78 отсто.
Во Охрид до 13 часот гласале 40,3 отсто од гласачите запишани во Единствениот избирачки список, во Гевгелија 40,83 отсто, а во Гостивар – 29,28 отсто.
Висока е излезноста и во Делчево со 43,76 отсто и Демир Капија со 51,28 отсто, додека во Демир Хисар излезноста е 42,02 отсто.
Во Пехчево на гласање излегле 48,04 отсто, Прилеп – 46,80, Свети Николе – 48,30 отсто, а во Струмица – 40,40 отсто.
Излезноста е голема и во Берово – 45,95 отсто, во Битола – 40,40 отсто, во Валандово – 34,65 отсто.
Во скопските општини излезноста на гласање до 13 часот е следната: Аеродром – 33,4 отсто, Гази Баба – 29,67 отсто, Ѓорче Петров – 30,35 отсто, Кисела Вода – 33,20 отсто, Сарај – 30,56, Центар – 38,30 отсто, Карпош – 34,47 отсто , Шуто Оризари – 25,20 отсто, Чаир – 25,88.