Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем, смета Филипче

0
By Нова ТВ on May 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем. Апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“ за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.

Во текот на вчерашниот ден, како што денеска изјави, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина или 4.500 се пријавиле за вакцинирање. 

– Ќе видиме денеска како ќе се одвива процесот. Во текот на вчерашниот ден од девет илјади граѓани коишто добија термин насекаде во државата, околу 4.500 граѓани се пријавеле за вакцинација. Ќе се обидеме денеска да видиме и да го идентификуваме проблемот. Можеби  заради тоа што е прв ден, можеби заради тоа што е почеток на ваков систем на вакцинација во места за масовна вакцинација насекаде низ државата. Искрено, верувам дека одѕивот нема да биде ваков понатаму. Апелирам сите граѓани да се пријават на сајтот вакцинација.мк, изјави Филипче.

Смета дека треба да се заокружи процесот на вакцинација на министрите со оглед на тоа што имаат закажано патувања, а најави и продолжување на вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура.

Засега, не се дозволува избор на вакцина, бидејќи, како што рече, сите вакцини се безбедни и не се забележани контраиндикации, освен за вакцината на „Астра Зенека“ која не се дава на лица помлади од 60 години.

Очекувањата се дека во текот на мај треба да пристигнат близу 50 илјади вакцини Фајзер, односно секој понеделник по приближно 10 илјади вакцини, а околу 14-15 мај, во зависност од тоа како ќе биде организиран транспортот, се очекува да пристигне и дополнителната количина од „Синофарм“ обезбедена преку Министерството за одбрана.

– Тоа се чини дека ќе биде доволна бројка да се надополни системот на вакцинирање, рече Филипче.

За бремените жени и доилките кои пријавиле интерес да се вакцинираат со „Фајзер“ бидејќи според некои нивни согледувања, оваа вакцина е најсоодветна за нив, Филипче рече дека доколку има такви сознанија, ќе им се излезе во пресрет на овие лица. Утринава, како што соошти, имал разговор со нивна претставничка која ја упатил да разговара за Александра Грозданова, која од вчера е назначена за национален координатор за имунизација.

Во однос на тоа дали се размислува за мобилни екипи кои би ги вакцинирале лицата кои живеат најоодалечено од местата на вакцинирање, Филипче рече дека постои таква можност, нагласувајќи дека вакви тимови веќе функционираат за неподвижните лица и за оние кои се сместени во старечките домови.

Во делот на кампањите за подигнување на јавната свеста за вакцинирање, Филипче посочи дека дел веќе се емитуваат, а дел се подготвуваат со УНИФЕЦ и Канцеларијата на Европската унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.