Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОФАНЗИВА: Мицковски во лична пресметка и клеветење

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Џабир Дерала
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА / Цивил Медиа

Мицковски е тој што клевети, не јас. Ја впрегнал целата пропагандна машинерија против луѓе што му пречат, лично се пресметува со новинари, интелектуалци и граѓански активисти. Не кажал никогаш ништо за смртните закани против мене, а доаѓаат од инсталации со кои шефува, меѓу другите, и тој самиот! Седи во фотелјата што му ја подари бегалецот од правдата, кому му го должи огромното богатство стекнато за време на режимот (стаса и со него да се искара), води антизападна, проруска и националистичка политика со години, а помислата на мене го прогонува и не го остава намира ни дење, ни ноќе. Голем шеф, нема што!

Единственото нешто полошо од лажго е лажго кој истовремено е и лицемер!

Тенеси Вилијамс

При објава на апсурдна пресуда во негова корист, тој се впушта во лична пресметка и клеветење против мене. Во една претходна прилика ме поврза со ДУИ, сега ме поврзува со СДСМ. Или нема поим од право или се прави недоветен, не знам. Но повеќепати ми дава простор јас да го тужам за клевета и навреда. За тоа дека за пренесена вест не се одговара и да не говориме. Тоа веројатно и на судот му е јасно, но некои суди(јк)и таму одлучиле да играат по неговото сценарио.

Тој, Мицковски, некако „заборава“ во својата најнова онлајн офанзива против мене да спомне дека се работи за првостепена судска одлука. Нема проблем. Како за претходната пресуда, така и за оваа, ќе го искористам правото на апелација. Се надевам дека повисоките судски инстанции не се во неговиот скут.

Како и да е, овој лик постојано ме зачудува. Често се прашувам: Зарем толку е ограничен овој човек, па мисли дека луѓето му веруваат?

Мене не ми треба било каква „кујна“ за да знам што и колку вреди Мицковски. А тој, кутриот, мисли дека постигнал нешто ако (клеветнички) ме поврзе со разни „кујни“. Крајно невешто и неуспешно. Но толку се разбира човекот.

Тие што следат повнимателно, знаат дека не одговорил (дури ниту негативно) на трицифрен број прашања и покани за интервју (повеќето од мене!) веќе седум години.

Неговите портпароли и најблиски партиски функционери простачки се нафрлаат на мене по социјалните мрежи.

Тој и неговите марионети, меѓу кои се и директори на државни институции, ломотат најотворено против мене во срамни ТВ програми.

Неговите тролови отворено ми се закануваат со убиство!

Шефчиња на помали партии што гравитираат околу неговата палата на гревот и насилството, ми пишуваат пораки со кои ми се закануваат мене и на моето семејство.

Неговата партија е иноватор на највалканите системи за изборни кражби.

И тој мене ми вели дека сум изнесувал клевети против него? И дека тоа доаѓало од некакви кујни (СДСМ или други партии)!? Па кого се обидува овој човек да излаже? Зарем не сфаќа дека луѓето имаат слободна волја и дека можат да функционираат сосема нормално и надвор од партиски структури? Најверојатно, не. За Мицковски партијата е сѐ и сѐ е партија.

А бе Мицковски, Мицковски… Пушти ги другите да ја вршат валканата работа за тебе. Не си ти за борба и онака.

клевети офанзива Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.