Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

OFF-Fest: Старт со ѕвездата на Етио-џезот, Мулату Астатке

0
By Нова ТВ on February 26, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Годинешното, 13-то по ред, издание на фестивалот OFF-Fest, во организација на Скопскиот џез фестивал, ќе стартува на 1 јуни, со настап на пионерот на Етио-џезот, Мулату Астатке.
Роден во 1943 година, Мулату Астатке студира во Лондон, како и на музичката академија „Беркли“ во Бостон, а настапува и снима и во Њујорк.

По враќањето во родната земја, кон крајот на ’60-тите и почетокот на ’70-тите години од минатиот век, Мулату Астатке станува една од движечките сили на трансформацијата на популарната музика на Етиопија.

Како соло музичар тој развива индивидуален, неконвенционален и уникатен Етио-џез стил, кој во своето јадро ги содржи основните музички концепти на етиописката музика (како употребата на пентатонската скала).

Како единствен вибрафонист на сцената на главниот град, Адис Абеба, Астатке ги комбинира традиционалните звуци со џезот, латино музиката и западната психоделија развивајќи уникатен звук. Неговите албуми, пред сѐ, се фокусираат на инструменталната музика, а Астатке се појавува и на трите најпознати инструментални албуми, објавени за време на „златната ера“ на Етиопија во ’70-тите години.

Астатке доживува поширока светска слава во 2005 година, кога се појавува како автор на саундтракот за филмот “Broken Flowers” на Џим Џармуш. Неговиот последен албум “Sketches Of Ethiopia” издаден во 2013 година влече инспирација од сите правци на етиописката музика.

Во него Астатке користи широк дијапазон на експериментални локални инструменти со цел да ја истражи богатата културна палета на оваа источно-африканска држава. Меѓу етиописките инструменти кои тој ги користи се масинко, крар и вашинт, а од традиционалните џез инструменти пијано, бас, саксофон, труба и виолончело, како и западно-африканскиот инструмент налик на харфа – кора.

Музиката на Астатке ги комбинира урбаните темпа со традиционалниот рурален фолклорен стил, и го содржи неговиот заштитен знак – Етио-џез фузијата на латино удиралки и африкански фанк ритам.

Истата вечер, свој настап на OFF-Fest ќе има и популарната македонската група Фолтин, во специјална формација, со неколку реномирани гости од Словенија и Холандија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.