Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ограничена мобилност“ — уметничка акција што ги открива секојдневните предизвици на лицата со попреченост во Скопје

0
By Marija Todorovska on June 21, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности  реализираа уметничка интервенција под наслов „Ограничена Мобилност, со цел да ја подигнат јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост, постарите граѓани со намалена подвижност, како и младите родители што секојдневно се движат низ градот со детски колички. Во рамките на оваа креативна акција, стари и нефункционални инвалидски колички беа трансформирани во имагинарни „летечки колички“.

Опремени со крилја и пропелери, овие симболични објекти пренесуваат моќна порака: во денешно Скопје, за многумина движењето низ јавниот простор е возможно — само доколку можат да летаат. И покрај долготрајните јавни дискусии, голем дел од скопските улици, тротоари, институции, трговски центри и јавен превоз сè уште се физички недостапни за лицата кои користат помагала за движење. Симболичната интервенција се одвиваше на повеќе локации низ Скопје во соработка со локални жители и претставници на лица со ограничена подвижност, велат од Центарот за современи уметности.

Со оваа акција, додаваат, како уметници и активисти сакаме да испратиме јасна порака за систематското институционално и инфраструктурно занемарување на лицата со ограничена мобилност, кое исклучува илјадници граѓани од полноправно учество во општествениот, социјалниот, културниот и економскиот живот.

Сметаме дека пристапноста не е привилегија — таа е основно човеково право.„Ограничена подвижност“ претставува креативен протест и јавен повик за итно и суштинско подобрување на пристапната инфраструктура во градот, со цел создавање инклузивна и хумана урбана средина достапна за сите, нагласуваат од Центарот за современи уметности.

Најавуваат дека в понеделник ќе биде организирана уште една слична акција, а во вторник од 20 часот во Мобилната монтажна галерија ќе биде отворена изложба со наслов Ограничена мобилност.

активсти ограничена мобилност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.