Еден од најопасните астероиди некогаш забележан, се доближил до Земјата минатиот месец.
Постои можност да ја погоди Земјата за помалку од 20 години. Таков удар „би ослободил“ сила со моќност од неколку илјади атомски бомби.
Според НАСА најопасните астероиди не претставуваат голема закана, а постојат многу малку од нив.
Шансите за судир помеѓу астероидот именуван како ТВ135 и Земјата, се екстремно мали, пренесуваат светските медиуми.
НАСА е 99, 9% сигурна дека во 2032 година тој повторно ќе ја одмине Земјата.
„Ова е релативно ново откритие“, изјави Дон Јоман, менаџер на НАСА. „Со повеќе надгледувања, очекувам намалување или целосно отфрлање на ризикот за евентуален судир“.