Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид домаќин на европскиот самит за дигитализација на судството

0
By Mirjana on June 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството” е темата на Европскиот самит за дигитализација на судството кој од денеска во наредните три дена ќе се одржи во Охрид во организација на Министерството за правда, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.

На самитот, како што информираа организаторите, предвидени се поздравни обраќања на претседателот Стево Пендаровски, министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Клеменс Која и Георг Става од Федерално министерство за правда на Австрија.

Првиот панел е насловен „Градење на политичка волја и овозможување одржливи извори за дигитализација на судскиот систем“ кој според организаторот, има цел преку презентациите и дискусијата да се стави фокус на постојните документи за политики за судска дигитализација, размена на индивидуални искуства и знаење за процесите на дигитална транзиција во нивните судски системи. Панелисти за оваа дискусија се еврокомесарот за проширување Оливер Вархejи, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, заменик министерот за правда на Турција Зекерија Биркан, министерот за правда и администрација на Хрватска Иван Маленица, министерот за правда на Босна и Херцеговина – Јосип Грубиша и претставник од Министерството за правда на Србија.

На вториот панел „Нужност од дигитална трансформација на правосудството“, според агендата, свои видувања и предлози ќе дадат државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, претседателката на Судскиот совет на Павлина Црвенковска, Георг Става од Федералното министерство за правда на Австрија, претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски и јавната обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

На останатите панели ќе се говори за придобивките од дигитализација во правосудството, користење на современи технолошки решенија за еднаков пристап до правдата, дигитализација, пристапот до правдата и судење на далечина, интероперабилноста помеѓу судството и државните органи и институции, дигитализација во функција на поефективна правда, регионалните искуства со дигиталната трансформација во правосудството, дигитализацијата како пристап во остварување на правосудната функција.

Целта, појаснуваат организаторите, е преку презентациите и дискусијата да се посочат потребите и подготвеноста на судството и јавното обвинителство за прифаќање на дигиталниот пристап во работењето заради поефективна правда.

европски самит за дигитализација на судството Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.