Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОИК Тетово ги додели уверенијата на новите советници во Општина Тетово

0
By Sashko on August 25, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општинската изборна комисија (ОИК) Тетово денеска ги додели уверенијата за новоизбраните советници по вонредните избори за членови на Совет на 20 август. На изборите за членови на Советот на Општина Тетово гласаа 29.690 лица или 35,31 отсто од вкупно 84.071 граѓанин со право на глас.

„На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, најмногу мандати доби Движењето Беса – 12, ДУИ има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ има четири советници, СДСМ двајца и по еден советник имаат ДПА и Алтернатива. Другите кандидатски листи немаат доволно гласови за советници“, изјави Назми Даути, секретар на ОИК Тетово.

Во изјави за медиумите дел од советниците посочија дека сè уште е рано да се зборува за формирање на мнозинство.

„Ќе работиме во интерес на граѓаните на Тетово во реализација на програмата и проектите кои ги ветивме на граѓаните. Се надевам дека деновиве ќе се знае мнозинството и мислам дека во законскиот рок ќе го дознаете и мнозинството. Во Тетово опозицијата на централно ниво, победи на локално ниво.  Опозицијата го има мнозинството, се надевам дека тоа мнозинство ќе расте и дека нема да имаме кочници од другите политички партии“, изјави Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ.

„Секогаш сме подготвени како политички субјект кој има мнозинство, во сегашниот совет да биде конструктивен и со другите политички партии кои имаат легитимноста.  Со другите зборови оние политички партии кои го имаат добиено мнозинството во македонскиот политички блок секогаш ние треба да покажеме конструктивност за да го почитуваме одлуката на народот“, изјави Беса Кадриу од Движење Беса.

Од советничката група на ДУИ сметаат дека според резултатите ќе бидат опозиција во Советот.

„Ќе бидеме една силна опозиција со СДСМ, ДПА и со Алтернатива. На новото мнозинство во Советот на Општината му посакуваме многу успеси во тој случај. Сакам да ве уверам дека ДУИ ќе биде конструктивна политичка сила. Ќе поддржиме сите проекти за доброто на граѓаните и ќе ги поддржиме иницијативите за добро на градот“, изјави Лиридон Диша од ДУИ.

Советот на Општина Тетово има 31 советник. Според законските прописи од денот на доделување на уверенија има рок од 20 дена да се свика конститутивна седница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.