Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Извршен претрес на правен, не се пронајдени материјали од приемните испити за АСЈО

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција извршило претрес во простории на Правниот факултет, а преку соопштение објави дека одземени се неколку компјутери, но не се пронајдени материјали за испити за идните судии и обвинители, како и дека софтверот за приемни испити на Академијата за судии и обвинители не е одземен.

Според информациите биле претресени простории кои ги користел Даниел Станчев, управител на „Инвока гроуп“, фирма преку која, како што беше објавено изминатиот период, бил набавен и софтверот за тестирање на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители.

Преку „Инвока гроуп“ е направена и спорната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци. За овој случај потоа беше отворена предистрага, а на 15 април и истрага, а Рашковски, Станчев како дел од осомничените се наоѓаат во притвор.

Тие првично добија куќен притвор од судијата на претходна постапка, но обвинителството поднесе жалба по што Кривичниот совет ја прифати и им ја преиначи мерката од куќен во ефективен притвор.

Во истрагата се осомничени уште две лица, меѓу кои е и хонорарец во Владата, на чија фирма се води џипот кој го вози Рашковски.

Истрагата опфаќа три тендери, сите поврзани со софтверот. Според Обвинителството, Рашковски со еден од останатите осомничени ја договорил набавката на софтверот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки да се изготви техничката документација за јавната набавка.

Покрај овој тендер, според Обвинителството, летото 2019 Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка за работи потребни за софтверот, иако во тоа време сè уште не бил склучен договор за негова набавка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.