Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за Панчевски за злоупотреба на АКМИС-распределувал предмети кај подобни судии

0
By Нова ТВ on July 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на сите материјални и вербални докази, денеска поднесе Обвинителен предлог против  поранешниот претседател на Основниот кривичен суд – Скопје Владими Панчевски за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик во врска со распределбата на предметите во АКМИС системот, соопшти ОЈО.

-Иако бил должен да ја следи состојбата на управувањето со движењето на предметите во судот, а особено формирањето на предметите, предавањето на предметите во работа и состојбите со функционирањето на автоматизираниот информатички систем за управување со судските предмети, обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување. Имено, обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси.

Во текот на временскиот период кој е детално истражен од страна на надлежниот обвинител, беше констатирано дека со давање на писмен „параф“, обвинетиот наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од страна на Основното јавно обвинителство Скопје, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од Основните судови Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и на две обвиненија поднесени од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во соопштението од ОЈО.

Врз основа на тоа, Обвинителството утврди дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како претседател на Основен суд Скопје I Скопје, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното  дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. Притоа, обвинетиот потешко ги повредил правата на друг, постапувајќи спротивно на член 6 став 1 алинеја 3, 4 и 15 од Законот за управување со движење на предметите во судовите и на член 7 од Законот за судовите.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје кој постапува во предметот, ги презеде потребните дејствија за расчистување на предметот и утврдување на фактите во врска со злоупотребата на системот за електронско распределување на предметите – АКМИС. По приемот на Извештајот  од извршен увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите  од Судскиот деловник во судовите , доставен преку Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 29 јануари 2018 година, на 5 февруари 2018 беше поднесено барање за декласификација на извештајот до Министерството за правда. Одговорот за декласификација на извештајот од Министерствтоо за правда пристигна на 22 февруари 2018 година, по што интензивно се преземаа истражни дејствија во предметот.

ОЈО во истрагата испита 19 сведоци

Од ОЈО соопштуваат дека во рамки на предистражната постапка, обвинителството испита 19 лица во својство на сведоци и тоа вработени во Основниот кривичен суд – Скопје, Апелациониот суд Скопје, Врховниот суд на Република Северна Македонија и Министерството за правда.

Поради потребите во предметот, двајца јавни обвинители во текот на три недели континуирано вршеа увид во предмети во Основниот кривичен суд – Скопје при што е прегледана обемна судска документација.

Се обезбедуваа податоци од Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија, Апелациониот суд Скопје и Основниот кривичен суд – Скопје.

Беше изготвен вешт наод и мислење од доктор на технички науки во поглед на функционирањето на системот за електронско распределување на предметите, кое вештачење, побарано со наредба од Основното јавно обвинителство Скопје  на 21 декември 2018 година, беше доставено до обвинителството на 24 јуни 2019 година.

Од сите обезбедени материјални и вербални докази во текот на претходната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје најде дејствија со кои од кривично правен аспект се исполнети битните елементи на наведеното кривично дело од само едно лице – сега обвинетиот поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Согласно Законот за судовите, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за управување со движење на предметите во судовите постојат законски можности Судскиот совет на Република Северна Македонија доколку во рамките на своите надлежности најде пропусти за други претседатели на судовите или судии може да поведе постапка за нив, согласно законските одредби.

Минатиот месец и Судскиот совет, по предлог на еден член од Советот, донесе одлука да се отвори постапка за да се утврди дали има одговорност кај екс претседателот на Судот Владимир Панчевски, а во врска со злоупотребите на АКМИС – системот.

Според процедурата, Судскиот совет формирал комисија на известители која треба да собере докази и врз основа на тоа да достави Извештај дали имало несовесно и незаконско работење од страна на Панчевски.

Панчевски беше претседател на Кривичниот суд во период кога според Извештајот што го подготви независната комисија на Министерството за правда биле утврдени злоупотреби на АКМИС-от односно наместо електронски, предметите се делеле на судии на рака.

Освен во Кривичниот суд, оваа комисија утврди и злоупотреби на АКМИС – системот и во Врховниот суд но против претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.