Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Претресот откри паралелна документација на еден Универзитет

0
By Нова ТВ on October 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 6, 2016 14:35

Основното јавно обвинителство – Скопје, по обезбедена наредба од судија на претходна постапка од надлежниот суд, преку припадници на МВР вршеше претреси на повеќе локации, вклучувајќи и еден Универзитет, а со цел прибирање на релевантна документација, податоци и други предмети, кои ќе се користат како докази во кривична постапка, се вели во соопштението од Обвинителството.

– Имено, до Државниот просветен инспекторат беа поднесени 20-тина претставки од студенти на Универзитетот, кои потекнуваат од Република Турција. Реакции имало и од Амбасадата на Република Турција во Скопје, а во врска со студирањето на одделни факултети за кои Универзитетот нема добиено акредитација или дозвола за работа од Министерството за образование и наука.

Во претресите извршени во координација со Министерството за внатрешни работи, од просториите на Универзитетот и приватни објекти на лица вработени во него одземени се компјутери, компјутерски податоци и друга многубројна релевантна документација.

Првичните сознанија на Обвинителството упатуваат на тоа дека на Универзитетот биле запишувани поголем број студенти на факултети за дентална медицина, козметологија и физиотерапија. Со проверка е утврдено дека оваа високообразовна институција не поседува дозвола за работа за Факултет за дентална медицина, додека за Факултет за козметологија и физиотерапија нема ниту дозвола, ниту акредитација.

За студентите кои биле запишувани да студираат на овие факултети во факултетската документација се водела паралелна евиденција – покрај онаа за коресподенција со студентите, друга за отчет пред државните институции.

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со преземање на дејствијата со цел расветлување на овој предмет, каде постојат основи на сомневање дека преку злоупотреба на службена положба и измама е вршен финансиски криминал. Со цел да не се попречи работењето на Универзитетот и правото на студирање на студентите запишани на оние факултети за кои Универзитетот поседува акредитација и дозвола за работа, Обвинителството уште денеска, по преземени неопходни дејствија, ќе ја врати компјутерската опрема во оваа високообразовна институција.

Основното јавно обвинителство – Скопје со индигнација ги отфрла сите обвинувања и шпекулации за политички мотиви на своето постапување изнесени од лица кои се предмет на истрагата, се вели во соопштението.

Како што објави НОВА, инспектори од МВР, УЈП  и образование заедно со униформирани наоружани полицајци кои по налог на Јавното обвинителство вчера наутро влегле во просториите на МИТ универзитетот во сите три објекти во градот и ја проверуваат целокупната документација на универзитетот.

Сопственичката на МИТ универзитетот Билјана Апостолова тврди дека против нив се спроведува организирана хајка која е започната уште во февруари, а вчера во раните утрински часови кулминирала, кога, како што вели буквално биле нападнати нејзиниот дом, домот на нејзините родители во Македонски брод и универзитетот МИТ со сите три негови кампуси, два во Аеродром и еден во Центар.

Во изјава за НОВА вчера таа тврди дека актерите на акцијата се веќе познати, а меѓу нив е и заменик министерот за внатрешни работи, кој до неодамна бил вработен на МИТ универзитетот, од 2011 година до 2016-та година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.