Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Скопје донесе одлука во корист на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес

0
By Marija Todorovska on June 24, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање кривичната пријава против еден новинар и една телевизиска куќа, кои беа пријавени за кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“ од член 151 од Кривичниот законик.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, подносителката на пријавата за време на пријавениот настан извршувала работни задачи на работно место – раководител на Одделението за односи со јавноста и информации за граѓаните во Град Скопје. Таа тврдела дека и била нарушена приватноста затоа што новинарот телефонски ја снимил и снимката ја емитувал во Дневникот на националната телевизија со цел да ја праша за сообраќајниот метеж предизвикан од нефункционирање на сообраќајната сигнализација во Скопје.

За постоење на кривичното дело „неовластено прислушување и тонско снимање“, потребно е сторителот тонски да снима изјава којашто му е наменета, без знаење на тој што ја дава, со намера таквата изјава да ја злоупотреби или да ја пренесе на трети лица, односно потребно е сторителот непосредно да ја пренесе таквата изјава врз трети лица. Всушност, се работи за неправо кое се заснова врз противењето на оштетениот неговата изјава да биде регистрирана, односно пренесена на трето лице, како и врз посебната намера на сторителот за злоупотреба на изјавата или за нејзино пренесување врз трети лица. Испитувајќи ги наводите во пријавата, надлежниот јавен обвинител презеде повеќе дејствија, при што целосно го испита и потврди неформалното својство и работните задачи на подносителката во администрацијата на главниот град, како лице задолжено меѓу другото да остварува комуникација со медиуми во однос на активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните служби коишто се во надлежност на Град Скопје, иако таа тврдела дека во критичниот момент била вработена на проект во ЈУ „Универзална сала“- Скопје, се вели во соопштението.

Покрај ова, како што се наведува, јавниот обвинител низ призмата на конкретни пресуди од праксата на Европскиот суд за човекови права се произнесе и во однос на правото на информирање на граѓаните за прашања од јавен интерес наспроти правото на приватност на пријавителката.

Согласно домашното и меѓународното законодавство, новинарскиот упад во приватноста е оправдан само ако постои доволна причина за тоа, односно ако упадот е оправдан со обемот на потенцијалната штета која може да произлезе од него, ако постои добра причина за мотивот, односно упадот да биде оправдан во поглед на јавниот интерес и јавното добро кое ќе следи по објавувањето на информацијата, доколку користените методи се во согласност со сериозноста на приказната и нејзиниот јавен интерес, но и доколку упадот нуди разумни изгледи за успех. Тајното снимање, под коешто се подразбира и снимањето без дозвола на телефонски разговори за можно емитување, како метод на крајна нужда во новинарското истражување, неспорно претставува упад во правото на приватност, но може да се користи кога тоа е оправдано со јасен јавен интерес. Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку пресудата во случајот Radio Twist a.s. против Словачка, нагласува дека тајните снимки во новинарското истражување, оправдани со јасен јавен интерес, особено може да се користат во ситуации кога не содржат невистинити и извитоперени информации, односно информации кои не предизвикуваат голема штета врз личниот интегритет и углед на лицето, чиешто право на приватност било предмет на упад при нивното обезбедување, како што е во конкретниот случај, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител, врз основа на прибраните и анализирани докази, оценил дека високиот јавен интерес во овој предмет е неспорен и дека обврска на пријавениот, како новинар кој ја обработувал предметната тема во конкретниот случај, било да ги повика на одговорност носителите на државни и јавни функции, да истражува и да ја расветли ваквата тема, бидејќи засегнатите граѓани на територијата на Град Скопје имале право да ги добијат таквите информации.

Од тие причини, јавниот обвинител оценил дека во дејствијата на пријавениот новинар и телевизијата не се содржани законски обележја на кривичното дело „неовластено прислушување и тонско снимање“, ниту пак на друго кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, па донел одлука да ја отфрли пријавата. Донесеното решение е правосилно и потврдено од Вишото јавно обвинителство Скопје.

Имајќи предвид дека при секојдневното новинарско постапување, едно од клучните прашања кое создава дилема при остварувањето на нивната основна задача е токму прашањето за тоа што претставува јавниот интерес, бидејќи законските одредби не го дефинираат ова прашање, па новинарите како медиумски професионалци се ставени во ситуација да ја одредат рамнотежата, односно пропорционалноста помеѓу правото на приватност од една страна и правото на медиумите да објавуваат информации од јавен интерес од друга страна, Основното јавно обвинителство Скопје донесеното решение ќе го достави до новинарските здруженија и до невладините организации кои се занимаваат со прашањето на слобода на изразување во насока на поддршка на домашната правна пракса, се наведува во соопштението.

Град Скопје ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.