Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО за несреќата кај Ласкарци: Возачот возел брзо-сопирачките биле нецелосно исправни

0
By Соња Петрушевска on March 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопското Обвинителството бара притвор за шест лица за автобуската несреќа кај Ласкарци. Меѓу нив е и сопственикот на „Дурмо турс“, раководителот на фирмата, возачот на автобусот и лица кои дале одобрение за техничката исправност на автобусот и кои се вработени во друга фирма која исто така е во сопственост на газдата на „Дурмо Турс“.

Скопскиот обвинител Сашо Рајчев кажа дека истрагата покажала дека причина за несреќата е големата брзина, но и делумната неисправност на сопирачките.

Пред несреќата, возачот возел 99 километри на час, иако било дозволено  80. Во автобусот бил инсталиран посебен уред  за манипулација на технографот, кој ја мери брзината на движење. Кога ја пречекорил дозволената брзина, возачот го вклучил овој уред.

Истрагата покажала дека поради големата брзина, возачот во критичниот момент изгубил контрола врз автобусот и најпрво удрил во  првата заштитна ограда. тогаш почнал да кочи, но поради нецелосна функционалност на сопирачките и брзината автобусот ја пробил и втората заштитна ограда и паднал во провалијата.

Сериозни пропусти се утврдени и кај техничкиот преглед на автобусот.

Техничката контрола на автобусот била извршена во јули лани, кога биле утврдени недоследности кај сопирачките, но и покрај тоа бил издаден документ дека се исправни. Истото се случило и при техничкиот преглед на автобусот во декември лани.

Со вакви неисправни сопирачи и со  инсталиран уред за манипулирање со брзината, автобусите возеле секојдневно.

Сите шест лица ќе одговораат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Осомничено е уште едно лице, но за него ќе се бараат мерки за претпазливост .

Во текот на предистражната постапка биле сослушани 47 лица, било извршено вештачење од Машинскиот факултет за функционрирање на системот на автобусот и од Електротехничкиот факултет за уредот што ја покажува брзината.

 

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Загинаа петнаесет луѓе, а дел од повредените се уште се наоѓаат на скопските клиники.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.