Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Околу 500 литри млеко на Пекабеско забрането за употреба е запечатено во магацин

0
By Менче Атанасова Точи on December 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 500 литри млеко Пекабела со 3,2 проценти масленост, цела недела стои запечатено во магацин на една скопска фирма бидејќи има забрана да се употребува како неисправно. Млекото било наменето за подготовка на храна во кујните за децата во повеќе училишта во Скопје. Документот од анализите од Центарот за јавно здравје до кој дојде НОВА, покажува дека испитаниот примерок од млекото не одговара на прописите за квалитет заради намален процент на безмасна сува материја.

Млекото кое требало да го пијат децата во училиштата е произведено во млекара во НИШ. НОВА веднаш побара објаснување од Агенцијата за храна, како е возможно граничната контрола да дозволи млеко што не е исправно за употреба, да влезе во земјата. Од тој момент телефонот на портпаролката на Агенцијата за храна стана недостапен за НОВА.

Одговор не добивме ниту од производителот Пекабеско. Директорот за одделот за млеко и млечни производи рече дека не може да одговори на прашањето, но вети дека објаснување ќе добиеме од генералниот директор откако ќе му го даде контакт телефонот.

НОВА го пронајде и сопственикот на фирмата во чиј магацин стои запечатено млекото.

„Да точно е, млекото стои запечатено во магацинот на нашата фирма. Анализите ги направив на своја инцијатива бидејќи производителот не ми доставил резултати од испитувања кои се задолжителни, изјави за НОВА сопственикот на фирмата кој сакаше да остане анонимен.

Сепак, НОВА од свои извори во Агенција за храна дознава дека деновиве таму го барале кртот кој ја дал информацијата на НОВА, наместо веднаш да преземат мерки и да го уништат млекото. Неофицијално, утринава инспектори од Агенцијата биле во магацинот и на сопственикот и му наложиле млекото да го врати на производителот. Наводно, се подготвува и кривична пријава за инспекторот од граничната контрола кој дозволил, неисправно млеко да влезе во државата.

Нема одговор колку вакво млеко има влезено во државата и дали го има на рафтовите во маркетите. Агенцијата за храна не се изјасни дали прави контроли во маркетите низ државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.