Оксана Асланова е идентификувана како бомбаш-самоубиец при денешната експлозија во Волгоград, каде загинаа 15 луѓе, иако полицијата првично објави дека се работи за 18 загинати.
Асланова се наоѓа на листата на барани од јуни минатата година.
Бомбата била активирана пред детектор за метал на влезот на станицата кој бил полн со патници. Загинале 15 луѓе, меѓу кои и еден полицаец, а 34-ца се повредени вклучувајќи и едно детгодишно дете соопштија истражителите.
Истрагата потврди дека јачината на експлозијата одговарала на експлозија од 10 килограми ТНТ.
Министерството за здравство соопшти дека се повредени повеќе од 50 луѓе. Нападот се случи шест недели пред Зимските олимписки игри во Сочи.