„Компромис за европскиот буџет е можен, но ќе биде потребно да се вразумат европските земји кои сакаат да отидат подалеку од она што е разумно во штедењето“, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тој пред Европскиот парламент во Стразбур побара реформа на економската и монетарната политика во ЕУ.
„Да се прават заштеди да, да се ослабнe економијата не!“, истакна Оланд.
„Од многу одамна, Европа се сомнева во себе си, се двоуми за своите избори. Таа троши многу време во носењето на значјаните одлуки“, рече тој пред европратениците.
Оланд предупреди на растот на евроскептицизмот и посочи дека националните интереси почнаа да го надминуваат заедничкиот европскиот интерес.
„Ако е вистина дека кризата во еврозоната е широко зад нас, ние се уште не ги имаме извлечено сите поуки и последици. Тоа што нас не загрозува не е недовербата на пазарите, туку таа на народите“, рече Оланд.