Францускиот претседател Франсоа Оланд гo потврди разделувањето од својaтa партнерка Валери Триервајлер.
Тој изјави за француската новинска агенција АФП дека нивниот “заеднички живот” завршил.
Претходно, неговата канцеларија во Елисејската палата изјави “лажни гласини” циркулираат во француските медиуми, а дека нема да има изјава.
Пред две недели едно списание објави фотографии кои покажаа дека г-дин Оланд има афера со актерката, Џули Гаје.
Г-ѓа Триервајлер престојуваше една недела во болница откако се откри аферата.
Г-дин Оланд, кој никогаш не негираше дека имал афера со Гаје, призна дека е “тежок момент” во неговиот однос со г-ѓа Триервајлер.