Олег Шаров, заменик генералниот директор на српското претставништво на Лукоил е пронајден мртов во својот стан во Белград.
Шаров е пронајден денеска околу 16 и 40 минути часот. Телото е однесено на обдукција, а според првичните информации на него немало траги на насилство.
Полицијата сепак, случајот го третира како „сомнителен“ и работи на собирање на информации кои би ги откриле околностите за смртта на Шаров. Лекарите од Итната медицинска помош претпоствуваат дека смртта настапила синоќа.